Андоновиќ: Борба против ковид и дезинфо-пандемијата – Трамп го укина финансирањето на СЗО

You must need to login..!

Опис

Бројката на заразени со ковид во светот надмина 2 милиони инфицирани, од кои досега се излекувани 480.000, а починале 126.000.

Најмногу заразени има во САД – 604.000, од кои починале 25.000 a само вчера – 1.555 луѓе. Во Шпанија заболени се околу 173.000 луѓе, а починати 18.000, Италија – 163.000 а починале 21.000, Франција – 143.000, 16.000 починати, Германија регистрираше 131.000, од кои починати се 3.300, а Велика Британија – 94.000 заразени, 12.100 починати. Над 1.000 починати има и во Шведска која ги игнорираше повиците да воведе вонредни мерки и наместо нив спроведуваше релативно либерални мерки за борба против пандемијата, што се покажа како погрешна стратегија.

Во меѓувреме Трамп во свој стил ден по најсмртоносниот исход во САД од почетокот на епидемијата на коронавирусот го укинува финансирањето на СЗО, тврдејки дека организацијата ги промовира кинеските дезинформации и невистини.

„САД го суспендира уплаќањето на својот удел во буџетот на Светската здравствена организација поради проценување на улогата на организацијата во лошото управување и криењето податоци за ширењето на коронавирусот“, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Минатиот четврток по неговите закани во овој контекст, Белата куќа започна да работи на план за укинување на средствата кои САД ги уплаќаат на сметката на СЗО, како и на проверката на реакциите на организацијата на ширењето на коронавирусот по неговото појавување во Кина.

Вчера и Мајк Помпео, државниот секретар јавно ја повика Кина да одговори зошто, во колкава мерка и колку долго ги криела вистинските податоци за појавата и ширењето на коронавирусот. Исто така се испитува и во колкава мерка била вмешана СЗО во прикривањето.

Но САД им замеруваат на СЗО дека целиот свој капацитет го насочила кон Кина. САД сакаат да го сменат досегашниот начин на работа и функционирање на СЗО, а дотогаш нема да ги финансираат. Трамп најави и дека ќе започне со покренување на американската економија. Тој најави дека во четврток ќе направи состанок со сите гувернери со цел да се координираат активостите и да се разгледаат можностите за парцијално рестартирање на одредени сегменти од економијата на САД.
Сите овие постапки на Трамп се негов обид да се одбрани од нападите дека неуспешно се справил со заканата од коронавирусот што според последните испитувања на јавното мислење бележи пад во својот рејтинг.

Аналитичарите сметаат дека Трамп е свесен дека ќе се бара одговорност за лошото справување со пандемијата и големата бројка на починати, па се обидува вината да ја префрли на СЗО

Овој потег на Вашингтон дополнително ќе ја отежне работата на СЗО која најавува дека вакцина за превенција од коронавирусот ќе биде произведена за околу една година. Се стравува дека стопирањето на овие финансиски средства можат дополнително да го оддолжат пронаоѓањето и приемната на вакцината против коронавирусот и со тоа да го сузбијат ширењето на пандемијата.

Покрај коронавирусот, според генералниот секретар на ОН Антотнио Гутереш светот се бори и со опасната пандемија на дезинформации.

Нарекувајки ја дезинфо-демија, Гутереш оцени дека светот се соочува со штетни здравствени совети, теории на заговор и омраза, сето тоа пласирано на социјалните мрежи.

„Луѓето во светот живеат во страв и потребно им е да знаат каде да добијат совет. Потребна им е наука а не надрилекарство“, вели Гутереш

Идентично со најавите на САД и Евроската комисија најави расправа за ублажување на рестриктивните мерки во Европа.

Очекувањата се дека ЕК покрај постепеното, односно фазно укинување на мерките, во период од еден месец, прво ќе предложи ублажување на рестрикциите внатре меѓу земјите членки, а потоа ќе ги прошири и кон надвор. Се очекуваат препораки за постепено ублажување на забраната за собирање на голем број луѓе, како што е оневозможување поголем број лица истовремено да бидат во продавница и раздвојување на училишните клупи на одредена одалеченост. Баровите, рестораните и културните установи ќе се отвораат постепено, а забраната за масовнио собирања, како што се фестивалите, ќе биде укината подоцна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 13 =