Андоновиќ: БиХ во непосредна опасност од распад, Итна седница на Совет за Бебзедност на УН – опасност од судир на две армии

You must need to login..!

Опис

Седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ ќе се одржи вечерва на која ќе се расправа за последниот извештај на Организацијата на високиот претставник (ОХР) и за продолжувањето на мисијата Алтеа, чиј мандат истекува в петок. На седницата и претходат жестоки изјави и конфронтации на преставниците на босанските Срби предводени од нивниот лидер Милорад Додик и новонаименуваниот преставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит. Се работи за негирањето на функцијата меѓународнен претсавник за Босна и Херцеговина, за која српскиот член на ротирачкото преџтедателство на босанската федерација Милорад Додик смета дека е непотребна.Додик многупати досега изјави дека на Босна не и треба меѓународен функционер да управува туку дека Република Српска треба да тргне по патот на своја поголема автономија дури и кон независност. За да докаже дека е во право тој и преставниците на србите во федералните институции започнаа со бојкот сакајќи да докажат дека федерацијата е нефунционална.

Додик најавуваше и дека Република Српска планира да формира своја армија, разузнавачки служби и полиција со поголеми надлежности на територеијата на Република Српска, чиј главен град би бил Бања Лука а престолнина Пале, лоцирано во источно Сараево. Сите овие изјави ги вознемирија меѓународните претставници во Босна и Херцеговина кои преку новиот меѓународен претставник Кристијан Шмит најавија расправа во Советот за Безбедност на ОН. Но, барањата на Шмит во светската организација засега се поткопани од страна на Москва. Русија како постојана земја членка на Советот за Безбедност успеа, за прв пат да го оневозможи меѓународниот претставник во БиХ да не може да се обрати пред амбасадорите на СБ. Москва практично преку ултиматумот бараше Шмит да не се обрати во замена за подршка на резолуцијата за продолжување на мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина. Но, зошто беше важно Шмит да не се обрати пред амбасадорите на ОН?. Тој практично требаше да излезе и во еден предупредувачки тон да го подигне алрзмот од опасноста на распад на Босна и Херцеговина, чиј суверенитет е загарантиран од Обедиентите нации и целата меѓународна заедница. Шмит сакаше да укаже од опасност од распад на Босна но и од опасноста доколку Додик и босанските Срби формираат свои вооружени сили, ќе се отвори се позизвесен судир на две армии на босанска територија. Практично, дваесет и пет годишниот замрзнат конфликт би можел да се одмрзне и да го повтори крвопролевањето од деведесетите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 7 =