Андоновиќ: Безбедносен пропуст во Пентагон, „уапсена“ кокошка

You must need to login..!

Опис

Во центарот на свеската воена моќ, американскиот Пентагоне забележан безбедносен пропуст откако една организација за заштита на животните во медиумите излезе со ифнормација дека американските воени власти „Уапсиле “ кокошка, која се обидела да влезе во објектот Пентагон
Кокошка била „уапсена“ откако се шетала и колвала на тревникот во заштитениот простор на Пентагон, една од најзаштитените згради во светот, соопшти организацијата за правата на животните.

Вработените во Лигата за благосостојба на животните во Арлингтон биле повикани од американските воени власти веднаш да ја земат кокошката и да ја вратат од каде дошла.

За обидот за „ на упадот на кокошката“ во Пентагон јавија мног од американските медиуми меѓу кој и армискиот Милитари Тајмс.

Весникот на шега ја поставил дилемата дали кокошката едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или всушност е шпион во мисија да украде некои државни тајни?

Корисниците на Интернет предложија кокошката да се вика Етел Розенберг, позната Американка уапсена и егзекутирана за шпионирање во корист на Советскиот Сојуз во педесетите години на минатиот век.


Сепак остана јавно прашањето како кокошката усепала да ги помине сите безбедносни прстени во една од најобезбедуваните области во светот. и покрај навидум прозаичниот настан сепак остана дилема како дошло до ваков пропуст и покрај бројнто обезбедување и високо технолшките системи на безбедност. И тоа во време на големите безбедносни тензии и в исоко техниолошкаите судири меќу светските супер сили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five − 5 =