Андоновиќ: Бајден подготвен на повеќе компромиси од својот претходник Трамп

You must need to login..!

Опис

Новиот американски претседател Џозеф Бајден во првите денови од својот мандат покажува дека е поголем миротворец од Трамп. Бајден се согласи на компромис и преговори за потпишување на договорот за обновување на новиот СТАРТ 3 со кој се ограничува количината на боевите глави проектили и лансири во американско рускиот нуклеарен арсенал неговиот претходник Трамп одбиваше да го продолжи договорт бидејќи бараше во него да биде вклучена и третата нуклерана сила Кина , која пак одбива да го птпише договорт. Поради тоа се рисикуваше дека по датумот кога и формално исткува овој договор, 5 фебруари, светот ќе остане без договор за нуклерано вооружување со што се рисикува светот да додје до раб на нова студена а можеби и нуклерана војна.

За рaзлика од Трамп, Бајден се согласи на компромис и му понуди на рускиот претседател Валдимир Путин Вашингтон и Москва да го потпишат овој договор билатерално, без учество на Кина. Со својата подготвеност за билатерално потпишување на договорот за неширење на нуклераното оружје, Бајден покажува дека енговата политика со сигурност ќе се движи во насока на избегнување на конфронтации, за разлика од неговиот претходник, ко,ј иако не започна ниту еднда војна за време на својот мандат, сепак со ваквите одбивања и условувања можеше да го доведе светот до раб на светска нуклеарна војна. Бајден ќе биде многу поостар во својата реторика и комуникација и ќе го критикува Путин за сето она што не смееше Трамп, но ќе се обидува да избегне конфронтации, што се покажа за време на завчершаниот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, прв од доаѓањето на Бајден во Белата куќа. Бајден не ги штедеше критиките кон Путин за како што нагласи, агресивното однесување на Москва. Тој укажа дека САД се подготвени да си ги заштитиат своите интереси, дека ќе се залагаат за сувереноста и териотријалниот интегритет на Украина, и дека со сите средства ќе се бори да го запре штетниот договор Северен поток 2, кој според Бајден е штетен за западните интереси. Она што не беше изоставено во целиот разговор секако беше и апсењето на рускиот опозицонен лидер АЛексеј Навални, за кој, Вашингтон тврди дека му се прекршени основните човекови и права и слободи.

Дека Вашингтон и Москва влегуваат во нов вид на односи и дијалог навестуваат и потезите кои Бајден ги најавува а кои не се во интерес на Русија, и за кои претходникот на Бајден Трамп, преќутно ги толерираше политиките на Путин А дека имаат што да си кажат, ќе се види уште на 31 јануари, кога се закажани нови рптести на опозцијата во Русија за ослободуваше на притворениот Навални, за кој Вашингтон бара итно ослободување и овозможување тој рамноправно да влезе во трката за парламентарните избори ва година и евентуална претседтелска трка во 2024 та. Москва пак веројатно ќе ја повтори реториката од пред една недела кога јавно ја обвини американсата амбасада во Москва дека ги организирала протестите за ослободување на Навални низ повеќето руски градови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 1 =