Андоновиќ: Бајден победник на ниво на број на држави, Сандерс на ниво на број на делегати – Блумберг губитник

You must need to login..!

Опис

Бајден и Сандерс се двајца политичари со целосно различни идеолошки погледи. Бајден демократски центрист скептик за суштествени промени, додека другиот е демократски социјалист, кој повикува на значајнa „перестројка“ на системот со помош на „политичка револуција“ во САД.

На вчерашниот „супер вторник“ на демократската номинација за кандидатски претседател се случи големо враќање на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Поранешниот потпретседател Бајден синоќа на гласањето во таканаречениот супер вторник доби мнозинство од 14 сојузни држави за изборите за демократска претседателска номинација.

Бајден првенствено победи во сојузните држави Северна Каролина и Вирџинија, а потоа и во Тенеси, Алабама, Оклахома и Арканзас, држави од централниот Запад на САД.

Првичните резултати укажаа победа на Бајден, и тоа со сестрана подршка од црномурестите избирачи, кои се од четвртина до половина од вкупниот број на избирачи во тие држави, анализира Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Добар резултат забележи и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој освои неколку големи сојузни држави како што се Тексас и Калифорија држави со голем број на делегати, како и во Вермонт, Колорадо и Јута.

Иако на изборите учествуваа уште четворица кандидати, во трката синоќа се истакнаа двајцата главни претенденди – Бајден и Сандерс. Двајца политичари со целосно различни идеолошки погледи, едниот е демократ центрист, заинтересиран за суштествени промени, додека другиот е демократски социјалист, кој повикува на значајнa „перестројка“ на системот со помош на „политичка револуција“ во САД.

Бајден се врати во трката како фаворит, по убедливата победа во Јужна Каролина во саботата, и по поддршката што ја доби од сенаторката Ејми Клобучар и градоначалникот Пит Бутиџиџ, кои во меѓувреме ја напуштија трката.

Предизборите на демократската партија влегуваат во важна фаза, бидејќи со гласање во серија сојузни американски држави ќе бидат избрани третина од делегатите кои подоцна ќе одлучуваат кој ќе влезе во трката за претседател на САД.

Значењето на „супер вторник“ е во тоа што во овие 14 држави и една територија избираат 1.344 од 3.979 (34 отсто) делегати кои на Демократската национална конвенција од 13 до 16 јули во Милвоки, ќе одлучат за партиски кандидати за претседател и потпретседател на САД.

Сите надежи кои Блумберг ги полагаше на „супер вторникот“ паднаа во вода. Блумберг се вклучи подоцна во кампањата, сметајќи дека со вложување на 500 милиони долари во реклам ќе може да ја анулира предоста над своите кадндиати. Тој, сепак, не се обесхрабри од синоќешниот исход и најави дека засега не планира да се откаже од трката за номинација на демократите за претседател на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти шансата преку Твитер да го исмее својот бизнис-опонент Блумберг.

Тој напиша дека неговите советници го „извозеле“ да фрли 700 милиони долари за да стане губитник на вечерта.

„Сѐ што доби од синоќешното гласање е прекарот „Мини Мајк“ и потполно уништена репутација“, напиша Трамп на Твитер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 9 =