Андоновиќ: Асанж за едни херој на новото време, за други предавник на националните интереси

You must need to login..!

Опис

Почнува рочиштето со кое британскиот суд треба да одлучи да го испорача основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД.

Американското Обвинителство го товари за поврзаност со припадникот на воените разузнавачки служби Челси Менинг. Менинг хакирал компјутер на Пентагон и објави стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и Авганистан. Со ова, наводно, бил доведен во опасност животот на американските државјани.

Сослушувањето ќе се случи една деценија откако Викиликс објави голем број доверливи воени документи. Рочиштето за екстрадирање ќе почне со изјаснување на адвокатите од САД. Тие го обвинуваат Асанж за шпионажа, поради што му се закануваат 175 години затвор. Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи.

Приврзаниците на Асанж се загрижени поради неговото здравје. Нарушена му е физичката и менталната состојба, а страда и од депресија, болки во рамената и забите.

Одбраната на Асанж инсистира дека обвинувањата од САД се политички мотивирани. Велат дека ќе приложат докази оти во август 2017 година, администрацијата на Доналд Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет.

Асанж е еден од тројцата свиркачи кои според многумина се жртвуваа за повисоки идеали.

За едни нов „Робин Худ“ кој сака да ја извади правдата на виделина и да им помогне на обесправените да се соочат со моќните државни и бизнис институции со цел да се дознае вистината. За другите пак, пред се американската држава, предавник на националните, државните и воените интереси на САД нешто што не може да се прости и го става на ниво на терористите како Осама бин Ладен, што секако укажува на тоа како веројатно ќе заврши Асанж.

Сепак, и Асанж, како и Едвард Сноуден веројатно за многумина ќе бидат херои на новото време, но надежта дека објавувањето на вистината ќе го смени светот засега е невозможна мисија, анализира новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + ten =