Андоновиќ: Активирана условна казна и црвен картон за опозиционерот Навални

You must need to login..!

Опис

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен вчера при пристигнувањето на московскиот аеродром Шереметјево, е спроведен од транзитната зона на аеродромот до блиска полициска станица и се наожа во притвор. Рускиот опозиционер имаше ултиматум од властите да се врати во земјата до 30 декември, во спротивно ќе му бидат активирани две условни казни за проневера на пари Тој од август беше во Германија каде се лекуваше од труењето со нервен гас, за што беше обвинета актуената амднистрација на Владимир Путин во Москва Критичарот на Кремљ, се врати во Русија откако се лекуваше во Германија поради труење. Навални ја напушти Германија каде помина неколку месеци во опоравување од труењето со нервен гас во август Авионот со кој патуваше од Берлин беше пренасочен на друг аеродром Шереметјево, бидејки првичната дестинација на аеродромот Внуково, биле собрани голем број негови приврзаници кои откако ја дознале веста дека се враќа во Русија се насобраа да го пречекаат и подржат неговото враќање.

Во пресрет на неговото враќање во Москва Руската Федерална казнено-поправна служба најави дека планира да го приведе Алексеј Навални. Навални официјално беше предупреден на можноста за укинување на условната казна и замена со ефективна, доколку не се појави во Москва до 30 декември, но тој не се појави. Сега му се заканува укинувањето на двете условни и спрведување на две затворски казни од по 5 години. ЕУ и САД го осудија апсењето на Навални и побараа од Москва да го ослободи едниот од последнитеопозициони лидер во Русија И Брисел и Вашингтон ја повикаа руската влада да обезбедни еднакви услови за сите политички партии и кандидати кои сакаат да учествуваат во изборниот процес. Инаку Навални изминатите години на неколкупати беше цел на руските безбедносни служби и властите во Москва за негово елиминирање од плитчката сцена.

Тој се смета за последниот руски опозиционен политичар кој може да му ги помати плановите на актуелниот рпетседател Владмир Путин во негвото 20 годишно владеење со Русија. Навални, ужива голема подршка од западот и пред се од САД, Но се чини дека за веме на амднистрацијата на Трамп изминатите 4 години, освен реторика, Вашингтнникогаш сериозно да ги осуди акциите на Москва и Путин во замочќувањето на рускиотопозиционер.

Идникативно е што токму на два дена пред официјалното преземање на престедателсата фунцкија на Џо Бајден, Навални одлучува да се врати во Москва каде со сигурност знаеше дека ќе иде уапсен. Познато е дека за разлика од претседателот во заминување Трамп, Бајден и дмеократите се многу поголеми критичари кон политката на Путин и Русија , па оттаму се прогнозира дека апсењето на Навални можеби ќе биде и една од првите политички контра – потези кои ќе ги преземе новиот претседател Бајден. А дотогаш, Бајден и САД ќе мора тој да ја завршат престедателската инаугурација, која по се изгледа ќе помине во големи безбедносни мерки и неизвесност од евентуални нови безбедносни инциденти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 9 =