Ангелов: По долги суши следуваат поплави, но ЦУК е подготвен

You must need to login..!

Опис

Деновиве сме сведоци на огромни поплави во западна Европа, особено во Италија, а од синоѓа Љубљана е под вода. За тоа колку ние како држава сме подготвени за справување со поплави во денешен утрински брифинг разговаравме со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Пред неколку недели најавив дека оваа есен може да очекуваме поплави бидејќи искуството покажува дека тоа често се случува по долги суши. Не мислам на некакви поплави од огромни размери туку на поплави покарај реките кои поради зголемените врнежи би се излеале. Но, сеедно ние мора да сме подготвени, вели Ангелов за Утрински брифинг.

Тој веќе остварил средби со Водостопанство и тие веќе ги имаат исчистено големите канали за одвод на водата до реките, но помалите канали се во надлежност на градоначалниците. Во Велес веќе при првиот дожд видовме реки по улиците.

-Имав прес на кој предупредив за ова како и за пожарите летоска, а предупредив и дека нашите можности како држава се скромни. Некои градоначалници не презедоа мерки надевајќи се дека ние ќе помогнеме при пожарите. Сепак сетам дека сега посериозно нѐ сфатија градоначалниците одошто летоска со пожарите, вели Ангелов за Утрински брифинг.

Поплавите со себе носат и свлечишта кои исто така се голем проблем. Особено што летово имавме големи пожари во кои настрадаа големи површини шуми, а има и појава на дива сеча на шуми што придонесува за форирање на такви свлечишта. Задачата на ЦУК за овие свлечишта е да ги означи, како оние големите така и помалите покрај патиштата.

ЦУК има долгорочна стратегија уште од формирањето на институцијата, но нема извршна моќ додека не се прогласи кризна состојба, потсетува Ангелов. Тој додава дека проблемот со опустошените ридови треба да се решава плански и организирано.

-Треба да се сади, но организирано а не кампањски оти тоа видовме дека не дава резултати. Прво местото за садење се подготвува, па се заградува за да не влегуваат животни и добиток, па потоа се прават каскади кои ја забавуваат водата и за неколку години на местата што биле суводолици состојбата станува подобра, вели Ангелов за Утрински брифинг најавувајќи го вториот проект за оваа проблематика што РС Македонија го спроведува со помош на јапонската влада.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × one =