Ангелов од „Иднината во наши раце“: Главен акцент во кампањата во Штип ставаме на борбата против криминалот и нови работни места за младите

You must need to login..!

Опис

Петмината кандидати кои влегоа во трката за избор на градоначалник на Штип ја започнаа кампања за изборите закажани за 13 декември. Поради актуелната состојба со коронавирусот, нема да има митинзи и собири по населбите, а промоцијата на програмите ќе ја прават преку медиумите, социјалните мрежи, билборди, додека флаерите ќе се делат на дистанца.

Гостин во Утрински брифинг беше Гоце Ангелов од од коалицијата „Иднината во наши раце“.

Сега работам како виш инспектор во СВР Штип. Јас сум професионален работник кој е подготвен да одговори на секоја задача и како таков ме знаат штипјани.

Кампањата ќе биде на база на флери и ќе биде достапна до сите медиуми и социјални мрежи. Борбата против криминалот ќе биде еден од акцентите на кампањата, како и креирање на нови работни места за младите со цел да се задржат во градот. Промена на урбанистичкиот план на градот е исто така во програмата.

Очекувам да бидам прифатен од страна на граѓаните, затоа што треба да се гласа за човек кој ќе им стои на располагање на граѓаните и тие да го постават оној за кого сметаат дека е најадекватен за ова место, вели Ангелов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 1 =