Ангелов: Најневините завршија во затвор, а инспираторите се на слобода – затоа бараме амнестија за упадот во Собранието

You must need to login..!

Опис

Вчера се одбележа годишнината од масакрот во Вејце. По тој повод во Утрински брифинг разговаравме со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и претседател на Достоинство.

-Јас не сум тој што треба да простува. Бев ранет во Арачиново. Достоинство секоја година го одбележува овој настан во Вејце. Во 2015 година повторно имавме обид за дестабилизација во Диво насеље, кумановско. Процесот на помирување успешно тече иако има помала нетрпеливост меѓу Македонците и Албанците. Во редовите на АРСМ и МВР работат одреден број некогашни членови на УЧК, но тие функционираат нормално, вели Ангелов.

28

Денеска општеството е поподелено по политичка основа отколку по национална поделеност, коментира Ангелов и додава дека тоа е карактеристично и за Македонците и Албанците.

На 27 април 2015 година Македонија беше на раб на граѓанска војна, а во Собранието имаше и Македонци и Албанци.

-Факт е дека никој не загина. Тие што влегоа во Собранието тогаш несвесно го сторија тоа затоа што беа наведени да мислат дека тоа е патриотски чин. Го осудувам чинот во Собранието, најневините завршија во затвор, а инспираторите се на слобода. Затоа повикуваме овие луѓе што се во затвор да бидат амнестирани. Ние сме амнестирале луѓе со гласање во Собранието за многу тешки кривични дела сторени од УЧК, а според мене тоа зло беше направено за заземање територија, вели Ангелов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 4 =