Ангелов: Засега нема опасност од сериозни поплави, исчистени се коритата

You must need to login..!

Опис

Во овој момент процесот на врнежи не отспатува од минатите години, и засега нема опасност од поголеми поплави кои би однеле човечки жртви. Поплави и доколку има ќе ги засегнат единствено земјоделците бидејќи е можно да биде зафатена плодна, обработлива површина. Ова денеска во Утрински брифинг го рече директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Ние како држава веќе подолго време работиме на чистење на каналите. Мило ми е што гледам дека нашиот апел за чистење на каналите бил сфатен сериозно, и можам да кажам дека акционерското друштво „Водостопанство“ интензивно работи на чистење на големите, односно примарните канали со тоа што најголемиот дел кои беа во планот за чистење оваа година, се веќе исчистени. На тој начин каналите можат без проблем да ја прими водата од дождовите. Но по одредено време доаѓа до заситување на земјата и може да се појави голем проблем доколу дојде до појава на поројни дождови. Ние сме во постојана комуникација со сите засегнати субјекти. Минатата недела имавме координација на повисоко ниво со претставници на Министерството за земјоделие и на Управата за хидрометеоролошки работи, така што сме во постојана координација и будно ја следиме ситуацијата, објаснува Ангелов.

Според него, проблем се терцијалните канали кои минуваат низ населените места.

– Овие канали многу често самите граѓани знаат да ги затрупаат со отпадоци и земја, без да бидат свесни колкава штета прават и каква опасност со тоа предизвикуваат. За овие канали одговорни се градоначалниците и локалната самоуправа. Од тоа што може да се забележи, овие канали се исчистени и можат да ја апсорбираат водата од врнежите. Ги охрабрувам граѓаните кои имаат потреба да не контактираат, тоа да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 195, рече Ангелов.

Опасност од поплави има во сливот на Вардар кај Јагуновце, мсто каде што речиси секоја година има излевања. Вардар е критичен и после Демир Капија, кон Гевгелија. Опасни се и сливовите на реките Треска, Црна и Струмица која би го довела во опасност Струмичкото поле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 6 =