Ангелов во УБ: МВР нема да може да биде злоупотребено, но ќе биде користено за да се покаже дека нешто не функцонира

You must need to login..!

Опис

Генералот Стојанче Ангелов денеска госуваше во Утрински брифинг на тема сосотојбите во МВР. Тој смета дека новиот технички министер Наќе Чулев, со оглед на фактот дека доаѓа од Агенцијата за разузнавање, има информации за оние случаи кои најмногу ја брануваа македонската јавност.

„Со техничкиот министер се знам уште од факултетските денови. Меѓу другото, таму се учат неколку предмети, меѓу кои заштита на уставниот поредок, како и државната безбедност, каде што ја стекнавме основата но и понапредни техники. Со оглед на тоа што Наке Чулев, повеќето од кариерата ја помина во Агенцијата за разузнавање, се работи за човек кој има богато разузнавачко и контра-разузнавачко искуство и со самото тоа што му е дадена можност да раководи со Агенцијата за разузнавање, очигледно дека Чулев имал огромна доверба од страна на Груевски и Сашо Мијалков. Имал допир до најчувствителни државни и партиски тајни, бидејќи во тој период немаше поделбата на партијата и државата. Оттаму вадам заклучок, дека тогашниот директор на Агенцијата за разузнавање, од таа позиција е невозможно да не знаел за случувањата во Диво Насеље“ – вели Ангелов.

Тој смета дека првичните излагања на министерот биле паушални бидејќи тој немал време за да ги провери состојбите  во МВР.

„Не сакам да верувам дека Наќе е променет. Го знам како чесен човек од факултетските денови. Но ова што стана техничкиот министер може да биде дискутабилно. Особено што првото интервју го даде за телевизија со сопственишто на луѓе од Земун и Будимпешта. За мене тоа е некаков сигнал за УДБА влијание. Се мисли на влијанието од Белград кое е присутно. Јавноста е запозната кога српскиот разузнавач Живаљевиќ влезе во Собранието во Македонија на 27.април.  Именувањата на неколку поединци на раководни позиции значи дека повеќе се грижи за партиските отколку за државните интереси. Но ставањето на неколку кадровски решенија, како началникот на СВР Скопје, кој бил советник на Јанкулоска, командантот на специјалната единица кој беше обезбедување на Мицкоски…мене ме носи да размислувам во насока, дека со партискиот кадар прават револт во службите. Особено затоа што прескокнати се неколку скалила при рангирањето во МВР“ – вели Ангелов.

Прашан како тој внатрешен револт ќе влијае врз изборите, Ангелов смета дека овие смени се прават по потреба, со некаков план.

„Тие најверојатно планираат одредени акивности кои ќе им требаат, затоа мислам дека кај овие луѓе ќе надвладее лојалноста пред професионалноста, бидејќи овие луѓе најверојатно треба да подготват терен за нешто покрупно, но мислам дека и техничкиот министер и ВМРО-ДПМНЕ ќе потфрлат“.

На прашањето колку е опасно кадри на Јанкуловска да останат во МВР, Ангелов вели дека верува дека Спасовски се водел од професионалните критериуми и не бркал професионални кадри за да нема политички реваншизам. Во однос на претстојните избори, Ангелов очекува дека МВР ќе си ја заврши работата професионално, но очекува и да биде искористено како инструмент за да се покаже дека министертвото не функционира.

„ВМРО ја нема таа најважна улога во однос на изборите. Оваа влада откако е на власт верувам дека ги намали повеќето изборни нерегуларности. Верувам дека и на чело со Оливер Спасовски ќе биде исто. МВР нема да може да биде злоупотребено, но ќе биде користено за да се покаже дека нешто не функцонира“.

Прашан за предизборните комбинаторики, Ангелов нагласи дека „Достоинство“ како дел од актуелната коалиција на СДСМ, нема да го менува својот партнер на претстојните избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 8 =