Ангеловски: Родителите ќе бидат одговорни доколку нивните деца користат пиротехнички средства

You must need to login..!

Опис

Променливото време, непредвидливите временски услови на патиштата во комбинација со непочитување на правилата за возење се најчеста причина за загрозување на нечиј живот.

Но затоа се тука припадниците од сообраќајната полиција при МВР да укажуваат, но и да казнуваат се со цел да се смени ваквата слика, но и да се коригира црната статистика на патиштата.

Како помина викендов, колку возачи беа санкционирани и што било најчесто прекршок во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Полициските службеници се грижат за безбедноста во сообраќајот. Викендов особено сме насочени во овој период кои што се и најчестата причина за сообраќајни несреќи, тоа е брзото возење и неправилното престигнување. Викендов 91 возач беа санкционира на автопатот Велес – Куманово, а 18 возила се движеле на 50 км на час над дозволеното. Имаме 39 прекршоци за неправилно престигнување на териоторија на СВР Тетово, изјави Ангеловски.

-Сега се влажни коловозите, апелирам на внимателно возење.

-За жал 107 возаче консумирале алкохол. препорачуваме – земете такси возило: Самото земање на воланот е голем ризик, додава Ангеловски.

-Со новите измени во законот, предвидовме за овие нерегистрирани возила, или возила кои што предизивикуваат недозволена бучавост, тие возила покрај паричната казна се одземаат на период од три месеци.

-На прашањето што е со оние возачи кои од оправдани причини не успеале навреме да го запазат рокот за регистрација и како да го однесат возилото на технички преглед, а притоа да не заработат казна, Ангеловски вели дека доколку се работи за таков случај тоа треба да се најави на 192.

-Како наближуваат празниците почнуваме со превентивни кампањи за штетноста од користењето на пиротехничките средства, но и дека тоа е казниво со закон. Глобата е од 200 до 500 евра за оној што употребува пиротехнички средства. Тој неовластено продава се казнува со затвор од 3 до 10 години, вели Ангеловски.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − eleven =