Ангеловски: Што и да се случи по Европското, ова е моја репрезентација, повикувам на разумност во ФФМ

You must need to login..!

Опис

Германија ја победивме исто како што се спротивставуваме на секој противник – со тимска игра, тимот беше тој кој што победи, а тимот беше предводен од кој друг ако не од Горан Пандев. Германија да ја победиш, но и во сите статистички податоци да ја победиш, навистина има место за задоволство кај еден човек што верува во нив уште од првиот ден. Момците ме направија многу среќен во изминативе пет години, круна беше пласматанот на ЕП, а ова беше налик на тоа. Ова е победа за нашиот народ. Реакцијата на светските медиуми, на фудбалските ѕвезди говори само за себе. Така да момци, капата доле, изјави во Утрински брифинг селекторот на македонската фудбаска репрезентација Игор Ангеловски – Мрме.

Имавме добра подготовка и анализа, но најважното е кога имаш добри фудбалери таа анализа да ја спроведеш.

Сега имаме само еден подговотвителен натпревар, не сакам да ризикувам да ни се случат несакани повреди пред самото ЕП. Ќе играме против Словенија на 1 јуни. Ова што се случи со Германија треба дани даде уште поголема верба во себе, вели Ангеловски.

Пандев е суво злато. Кога Пандев говори за фудбал останатите треба само да молчат. Среќен сум што имам можност и чест да работам со таков човек, додава Ангеловски.

Имаме двомеч со Ерменија, со Исланд, натпревар со Романија на домашен терен, гостување со Лихтеншајн, така што се е е отворено и зависи од нас, вели Ангеловски.

Јас си ја работатам работата максимално професионално. Така ќе биде и сега без разлика на должината на договорот. Ова е моја репрезентација, покрај професионалноста работат и емоции. Јас сум Македонец и сум на чело на македонската репрезентација.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − one =