Ангеловски: Заеднички со граѓаните да се придонесе во справување со нередот во сообраќајот

You must need to login..!

Опис

Нерегистрирањето на возилтата не е поради сиромаштијата. Фаќаме ауди, мерцедес бмв. Со таквото нерегистрирано возило, без потврда дека е технички исправно е практично убиец на патиштата, изјави во Утрински брифинг портпаролот на МВР, Тони Ангеловски и додаде дека во таков случај се одземаат регистарските таблички и се додека не се регистрира не се враќаат табличките.

-Казната е двојна од она што ќе го платите кога би го регистрирале возилото. Ова санкционирање не е само репресивна мерка, туку и превентивна. Заеднички треба да се придонесе за справување со нередот во сообраќајот, вели Ангеловски.

Мерките кои ги преземаме изминативе два месеци влијаат на граѓаните и се надевам дека уште повќе ќе се влијае на свеста и она што го имаме како тренд-намалување на сообраќајните несреќи ќе продолжи во иднина, смета Ангеловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − one =