Ангеловски: Доколку не ја славите Нова година дома, не постирајте фотографии на социјалните мрежи

You must need to login..!

Опис

За време на новогодишната еуфорија и празниците во почетокот на првиот месец од годината поради слободните денови дел од граѓаните одлучуваат да прослават некаде надвор од својот дом.

Но за да не се претвори убавото новогодишно искуство во лош почеток на годината од МВР апелираат да се избегнува поставување фотографии на социјалните медиуми бидејќи тие се вистински извор на информации за крадците каде може слободно да оперираат.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

-Ние како МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, затоа што покрај мерките што ги презема МВР и граѓаните треба да ги преземат мерките од нивна надлежност, за да можат да си ги заштитат домот и имотот, изјави Ангеловски.

-Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × 3 =