Ангеловска: Премногу долго живееме на автопилот

You must need to login..!

Опис

Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, во издание на „Три“ е една од најчитаните книги, доживеа шест изданија за само една година. Се работи за прирачник за личен развој, жанр кој е многу популарен во светот, а ова е една од ретките од македонски автори.

„Оваа книга е уникатна, а трендот на книгите за самопомош се случува во светски рамки го препознаа и читателите овде кај нас. Книгата навистина доживеа голем успех особено кога започна пандемијата Луѓето ја препознаа потребата за поголема контрола врз сопствените животи. Премногу долго живееме на автопилот. Современиот живот наместо да не’ заштити и да ни даде слобода на делување, не’ зароби во дигиталното.

Нашите умови лутаат и ние се’ помалку сме свесни за сегашниот миг. Живееме или во минатото или во иднината и едноставно не сме присутни“, вели авторката Катерина Ангеловска за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 9 =