Ангеловска: Барањата од стопанските комори не смеат да бидат листа на желби

You must need to login..!

Опис

Сценарија на власта врз однос на економијата, резултираат врз база на мерките за спречување на вирусот. Сценаријата предвидуваат различни потреби зависно како ќе се движи состојбата, а граѓаните треба да разберат дека и од нивната дисциплина зависи и економијата, бидејќи ударот врз здравството во моментов е удар врз целаа економија.

Ова меѓу повеќето прашања, утрово го потенцираше во Утрински брифинг, министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Никој не зборува за дефицитот на јавниот долг туку да го спасиме ударот врз економијата. Реално не може да се случи непредвидено сценарио. Кога минатата година сме го предвидувале буџетот, сме го земале в предвид растот од 3 отсто во БДП. Сега целта е да ја зачуваме економијата која е кревка, да не ја ставиме на респираторна машина, туку да стиснеме пауза со мерките, за кога ќе продолжи, да продолжи и периодот на обнова. Колку подолг е овој период на карантин, на системот на заштита на граѓаните, толку подолг ќе биде периодот на обновување. Ќе треба компаниите да ги обноват врските со клиентите, ќе треба да се обновуваат синџири на набавки и тоа ќе земе време. Во такви услови, приоритет е да се обезбеди редовно функционирање на Здравствениот систем, да тече социјалната заштита и да се заштити ликвидноста на компаниите, на буџетот и на задржување на работните места“, потенцираше Ангеловска во однос на пакетот мерки неодамна презентиран од Владата.

Министерката порача дека во следните три месеци планот е најмногу да се троши во Здравствениот систем, но бидејќи ситуацијата се менува брзо, сите мерки, самите држави ги адаптираат на свој начин.

Таа упати критика до стопанските комори, тврдејќи дека некои од барањата во поглед на помагањето од страна на државата, не може да бидат листа на желби.

„Од првиот и вториот сет мерки, ако зборуваме збирно, има мерки како даночно олеснување и одложувања за погодените компании. Тоа се одложени плаќања на аконтации од данок на добивка, мерките за директно вбризгување пари во економијата и помагање на ликвидноста, тоа е мерката која чини 100 до 120 милиони евра, односно 14.500 денари да се исплатат плати и да се задржат работните места. Тоа ќе биде мерка за лесно користење. Потоа, бескаматни кредити за заштита на ликвидноста. Зборуваме за 200 милиони евра пакет, што е над 1 отсто од БДП. Сме повлекле храбри чекори. А дали сетот на мерки секогаш ќе биде критикуван, тоа е неминовно. Што и да се преземе, ќе биде критикувано, кога вклучени се во дизајнирањето на мерките и Економскиот совет и стопанските комори. Меѓутоа ако ги видиме побарувањата на стопанските комори, треба да бидеме малку реални, не се мерките листа на желби. Во тие листи уште фали да се бара од државата К 15 да се исплаќа“, подвлече Ангеловска.

Кога е во прашање ликвдноста на буџетот и јануарско-февруарските тврдења, Ангеловска рече дека тогаш бил забележителен растот на приходната страна, но вонредната состојба резултира со поголем дефицит.

Ангеловска: Каматите банките мора да ги наплатат но тие направивме да бидат помали

„Се соочуваме со ситуација од 11.март да се стопира економијата за да се заштити здравјето на граѓаните. Во такви услови како може да очекуваме млазот на полнење на приходот да биде ист? Нормално дека ќе има пад. Март цел месец ако се земе в предвид, има пад на даночните приходи од 11 отсто.“, информираше Ангеловска во Утрински брифинг.

Одговарајќи на прашањето дали и како државата ќе најде пари на светските финансиски пазари во услови на криза, Ангеловска најпрво потенцираше дека завршувањето на здравствената криза зависи и од граѓаните, односно рече дека „граѓанинот мора да знае дека зависи од него како ќе се справуваме со економската криза која зависи од здравствената“, а потоа надополни:

„Дефинитивно нема да биде лесно да излеземе на пазарот и да бараме пари со каматни стапки кои можеле да бидат пониски пред пет месеци. Сега се адаптираме по нова ситуација и гледаме да го избереме најдоброто. Планот за финансирање за оваа година беше правен да се финансира оној дефицит од 300 милиони евра и да се исплатат старите долгови. На домашниот пазар од хартии од вредност планот е да се издадат хартии од вредност од 450 млиони евра, но дел веднаш се презапишуваат за враќање, а домашното нето задолжување да биде 200 милиони евра. Дел од старите долгови се вратени, другиот дел е дури во декември. Има други помали отплати во текот на овие месеци. Кога зборуваме како ќе се враќаат долговите и финансирањето на дефицитот, планот беше направен со задолжување преку еврообврзница од 500 милиони евра и од неа беше планирано да се вратат домашните долгови. А сега сме во ситуација на поголем дефицит бидејќи ќе се намалуваат приходите“, изјави Ангеловска, брифирајќи дека првите и најбрзи пари кои се очекуваат наскоро се средства од Меѓународниот монетарен фонд.

Ангеловска: Економската криза е последица на здравствената, граѓаните да бидат дисциплинирани

Во однос на се погласните критики кон комерцијалните банки, односно нскратувањето на каматите за кредитите на граѓаните, во услови кога банките добиваат бескаматни кредити за справување со кризата Ангеловска објаснува: 

„64 милиони евра од Европската инвестициона банка, не се сите преку комерцијалните банки…првата бескаматна линија од 5,7 милиони евра беше ставена за првите погодени сектори: угостителство, туризам, транспорт. Тоа се мали кредити за заштита на ликвидноста. Втората линија која се додоговара ќе им биде достапна не само на овие дејности, туку и на други за кои има критериуми на погоденост. Овие 50 милиони евра се од Европската инвестициона банка кои се по претходен договор, истите се договорени да се реализираат преку комерцијалните банки. Пред се ограничени се капацитетите на Развојанта банка да прави анализи какви што имаат капацитети комерцијалните банки и не за џабе така е утврдена линијата. Сега велиме, 0 проценти камата за комерцијалните банки не за да заработуваат туку за да им дадеме на граѓаните пониска каматна стапка. Треба да се разбере дека каматата што би се наплатила, потоа ќе се пласира на други места. Во овој случај, маргините на каматите, претходно се движеа 2 до 3 отсто, сега велиме таа треба да се намали 1 до 1,5 отсто за да бидат евтини кредитите. Сметам дека е добро решението“, изјави министерката за финансии.

Во однос на идеите од опозицијата за финансирање на економијата во услови на криза, таа рече дека се неизводливи бидејќи на краток рок ќе се санираат штетите, а на подолг рок ќе го погоди Вториот пензиски фонд кој ќе ја погоди пензијата на сега помладите генерации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 1 =