Ангелка Пеева Лауренчиќ: Водењето на државата е менаџмент – доколку се држите на вистинските менаџерски алатки, дисциплинирано работите, точно ќе знаете што и кога да направите

You must need to login..!

Опис

Самиот циклус на доаѓањето на власт на Трамп, владеењето и неговото заминувањето е голем куриозитет на светската сцена, интересен феномен кој допрва ќе се проучува и истражува и ќе направи големи дисторзии на глобалната политичка сцена. Иако можеби не сме свесни сепак за некое време ќе може да се свртиме и да речеме да, тоа беше моментот кога многу работи се променија. Таа приказна сѐ уште не е завршена. Политиката е многу сериозна работа, тоа не е само појавување во јавност, има големи влијание од големи размери, изјави во Утрински брифинг Ангелка Пеева Лауренчиќ, директорка на Агенција за односи со јавноста и комуникациски менаџмент „ПР Имиџ“.

-Преногу ги мистифицираме работите кога зборуваме за политика. Ајде да ги симплифицираме. Дали дома се им кажуваат родителите на своите деца? Едноставно има информации кои треба да бидат задржани во еден поотесен круг, па информации кои треб да бидат споделени. Така и со државата, така и со компаниите. Водењето на државата е менаџмент – доколку се држите на вистинските менаџерски алатки и дисциплинаирано работите, точно ќе знаеете што и кога да направите и со кого ќе треба да ја споделите информацијата која ви е ставена на маса за одлучување, вели Пеева Лауренчиќ.

-Немам точна информација, но мислам дека веројатно најголемиот приход во сегментот на бизнисот го прават интернационалните компании. И тие се тие кои го диктираат темппото како ќе се реагира на пазарот. Сосема е јасно дека пандемијата направи економски шок.

Целиот разговор со Ангелка Пеева Лауренчиќ погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 15 =