Ана Мартиноска: Сексот не треба да биде табу, сексуалното образование е здрава алтернатива

You must need to login..!

Опис

Проблемите околу воведувањето на сеопфатното сексуално образование се комплексни и се должат најмногу на патријахалната и се’ уште конзервативна култура во која што живееме, вели професорката Ана Мартиноска говорејќи за родовите и културолошките аспекти на воведувањето на сексуалното образование во училиштата.

„Сакале да признаеме или не, многумина сакаат се’ уште да се држат до традицијата сфаќајќи ја погрешно, како нешто што е закоравено во времето, не обидувајќи се воопшто да ги следат промените кои што се случуваат во културата, во општеството. Меѓутоа, мислам дека она што истовремено нам ни се случуваше е и една спрега на политиката и културата, која отсекогаш била постоечка и актуелна, но овојпат и прашањето за сексуалното образование беше манипулирано и ставено во функција на дневни препукувања на различни идеолошки опции. Треба да бидеме свесни дека денешната генерација живее различно од времето на нивните родители и како возрасни, како родители, како професори мора да бидеме во тек со промените што се случуваат. Влијанието на популарната култура и на медиумите и особено влијанието на интернетот е посилно од кога било досега и тоа во голема мера го оформува светогледот на младите луѓе. Сакале или не, нашите деца ќе добијат некакви знаења за сексот, за сопствената сексуалност, за сексуалните и родовите односи, за дискриминацијата и наместо да дозволиме единствен извор на информации да биде она што тие ќе го прочитаат онлајн, многу поздрава алтернатива е да им се понуди нешто што е осмислено од стручњаци, прилагодено на возраста и што ќе биде точна информација. На „Нетфликс“ може да се погледне серијата

„Сексуално образование“ која им ја препорачувам на родителите да ја погледнат заедно со своите деца и каде што ќе видат какви се’ проблеми им се вртат на децата во главите, за што размислуваат, колку малку имаат познавања поврзани со родот и со сексуалноста, какви дезинформации слушаат и колку во потрага по одговорите што им се потребни се вртат кон погрешни извори на информации. Оттука добро е кога имаме системски решенија и кога образованието ќе преземе дел од таа улога компетентно да зборува за овие прашања на родот, идентитетот, телесноста, сексуалното здравје. Не може да се чекаат идеални услови да се зборува јавно за овие прашања, вели за Утрински брифинг професорката Мартиноска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 17 =