Ана Марија Бранѓолица: Во Градот Скопје континуирано никнуваат дивите депонии – следат ригорозни санкции

You must need to login..!

Опис

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ започна со пролетната чистка и со расчистување на голем број диви депонии распространети на целата територија на Град Скопје.

Апелираат до граѓаните да не го одложуваат својот отпад на јавни површини и на тој начин да придонесат да се зачува јавното здравје и да се заштити животната средина.

Голем проблем претставува одложувањето на кабастиот отпад. Од претпријатието апелираат да не се фрла мебелот и покуќнината каде било, туку жителите да се информираат кога претпријтието со општинските служби ќе организира акција во нивната општина.

Доколку и понатаму не се почитуваат апелите следат ригорозни санкции.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на „Комунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица.

-Депонијата во Шуто Оризари не е прв пат да се расчистува. Оваа депонија претставува црна точка. Претпријатието во повеќе наврати го расчистува овој дел. Депонијата е составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад.

-Целта ние да го расчистиме овој отпад. Очекуваме минумум 400 кубни метри несовосесно одложен отпад да биде отстранет од оваа локација.

-ЈП „Комунална Хигиена“ во 2021 отстранивме 11.000 кубни метри неправилно одложен отпад. Во Градот Скопје континуирано никнуваат дивите депонии.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen + two =