Ана Василевска: Ни треба повеќе филмска писменост за да го разбереме „Медена земја“

You must need to login..!

Опис

Како што ни е потребна медиумска писменост за да ги разликуваме лажните од вистинските вести, исто толку ни е потребна и поголема филмска писменост за да го разбереме „Медена земја“, затоа што е исклучително слоевито дело, вели Ана Василевска, филмски истражувач.

„Не можам да прогнозирам, конкуенцијата е навистина силна, рејтинзите се нешто подобри во категоријата за најдобар странски филм, иако таму „Медена земја“ се натпреварува со „Паразит“, јужнокореанско откровение, кански победник, исто така и филмот на Алмодовар, за кој сметам дека антологиски филм и негово животно дело.

Конкуренцијата во документарната селекцијата е исто толку силна и се надевам дека нема да се случи она што се случи пред 25 години, кога „Пред дождот“ исто беше извонреден филм, но токму тогаш Михалков го имаше својот животен филм „Изгорени од сонцето“. Василевска е уметнички координатор на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“, чиешто второ издание ќе започне на 14 февруари во МКЦ.

„Се работи за Денови на македонски филм и претставува еден вид отчет пред македонската публика за она што е сработено во филмската продукција во изминатата година.

Организатор е Друштвото на филмските работници, со поддршка на Агенцијата за филм, публиката во киното „Фросина“ и во Џебно кино ќе се прикажат 20 филмови“, рече Василевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − 7 =