Анализа: Европејците сакаат да ѝ се помогне на Украина, ама тоа да не удри по нивниот џеб

You must need to login..!

Опис

Во екот на големата воена криза по упадот на Русија во Украина за приликите и неприликите како и за што сѐ би можело д го очекува светот за Утрински брифинг анализираа Дејан Андоновиќ, Жанета Скерлев и Тања Милевска од Брисел.

Утринава излезе информација преку Си-ен-би-си дека американските разузнавачки служби им помогнале на украинските сили да го лоцираат рускиот флагшип на Црноморската флота, „Москва“, кој подоцна беше потопен со подводни проектили „Нептун“. Иако, американски воени сили не учествувале во интервенцијата, тие помогнале. Денес се очекува реакција од официјална Москва, вели Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг.

Слично како во Втората светска војна кога САД долго време ѝ помагаа на Европа, но официјално не се вклучија сѐ до 1943 година, се реакциите на САД во оваа криза со Украина, иако различно е во смисла на НАТО оти ако се вклучат САД тоа ќе значи инволвирање на Северноатлантската алијанса.

-Британците се вклучени во украинската криза преку поддршка, но не онолку колку што сакаат Украинците. Разузнавањето е многу битно и Украина доби разузнавачки информации од Британија, но Зеленски инсистира да им биде испорачано оружје, вели Жанета Скерлев за улогата на Лондон.

Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, или т.н. Вишеградска група, долго време предупредуваа на Русија и нејзините намери кон соседните земји. Никој не веруваше за сериозноста на ситуцијата сѐ додека не се случи упадот во Украина, коментира Скерлев.

Воената криза во Украина предизвика домино ефект од економска криза со енергенсите и храната.

-Европската комисија предложи во рок од 6 месеци да се прекине увоз на сурова нафта од Русија, од што се изземени Словачка и Унгарија кои ќе имаат 1 година грејс период. Но, во меѓувреме се јавија и Хрватска и Чешка дека и ним е потребна руската нафта. А станува збор само за нафта, сѐ уте не сме стасале до гасот, вели Тања Милевска, дописничката на МИА од Брисел за Утрински брифинг.

Милевска вели дека Брисел е претпазлив во прогнозите дека Русија е изморена од војна и војната наскоро ќе заврши. НАТО не верува дека војната ќе заврши на 9 мај како што се предвидуваше, вели Милевска, а што се однесува до расположението на Европејците, според Евробарометар, големо мнозинство се да ѝ се помогне на Украина, но не се расположени кризата да удри по нивните сметки за струја и греење.

Во Британија сите цени, од основните производи до греењето и струјата не биле повисоки во последниве 20 или повеќе години. Веројатно тоа е и причината што премиерот Борис Џонсон го загуби Лондон на локалните избори, вели Жанета Скерлев.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine − one =