🎥 Андоновиќ: Борисов со европската финансиска помош „куртули’’ од паѓање на владата, Турција и Грција на раб на војна околу нафтата во Средоземното море

You must need to login..!

Опис

Со 102 пртатеници ЗА и 124 против недовербата, владата на Бугарскиот премиер Борисов го преживеа и петото гласање за нејзина доверба, и успеа да остане на функција до наредните редовни парламентарни избори закажани за март следната година.

Гласањето беше иницирано од бугарската опозиција која охрабрена од 13 дневните протести на илјадници граѓани на Бугарија протестираа против Владата на Борисов во Софија и 11 други градови во Бугарија. По гласањето демонстрантите собрани пред зградата на Владата се упатија кон софискиот аеродром за да го спречат враќањето на Борисов од Брисел. Тие се обидоа да го блокираат аеродромот додека премиерот не си поднесе оставка. Полицијата успеа да ги тргне демионстрантите и да му овозможи на Борисов бхезбедно да пристигне во Софија.

За владејачката партија на Борисов оставка и предвремени избори немаат смисла затоа што наредната година треба да се одржат и парламентарни и претседателски избори. Кабинетот на Борисопв смета дека треба да се фокусираат во борбата приотив коронавирусот и економските проблеми рпедизвикани од пандемијата, и дека треба да и се овозможи да го истера целиот свој мандат до март следната година.

Едно од причините за неупешниот обид на опозицијата да го бутне кабинетот на Борисов беше и веста дека Бугарија ќе добие околу 29 милијарди евра од европските фондови во наредните години ветување и одлука која лидерите на ЕУ му ја дале на Борисов за време на неговиот престој во Брисел.. Помошта е дел од вчера усвоениот пакет на земјите членки на ЕУ се договорија за седумгодишен буџет од 1.074 милијарди евра и Фонд за закрепнување во износ од 750 милијарди евра чија цел е да им помогне на земјите-членки побрзо и полесно да излезат од рецесијата во која е падната ЕУ поради коронавирусот.

Покрај 29 милијарди евра помош за Бугарија, Хрватска соопшти дека добила 22 милијарди евра помош за закрепнување на економијата.

Како што се смируваат протестите во Србија и Бугарија, во регионот се јавуваат нови тензии пред се на релација Турција Грција.Турција испрати борбени бродови за пребарување на нафта и гас во спорната област на источниот Медитеран. Недефинираната граница и меѓународните води ги зголеми тензиите со соседна Грција, која ја зголеми борбената готовност на грчката морнарица.

Турските власти објавија дека истражувачки брод и два помошни бродови ќе пребаруваат во реонот јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастелоризо. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја обвини Анкара дека ја зголемува воената закана и агресија кон Грција, Кипар и Европската Унија како целина.

Иако се сојузници во НАТО, Грција и Турција се во судир околу правото на експлоатација на гас и нафта во регионот. Европската унија и Соединетите држави се противат на намерите на Анкара за проширување на своите истражувања во области за кои Атина ги смета за свои.

Турција тврди дека границите на областа за комерцијална експлоатација треба да бидат „подеднакво“ сметани од грчките и турските крајбрежни линии, а не од грчките острови. Атина го отфрла ова како јасно кршење на меѓународното право.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − nine =