Анализа: Американското општество поделено како со нож – обединувањето предуслов за нов почеток

You must need to login..!

Опис

Изборите во САД покажаа дека американското како и многу општества се поделени како со нож, така што тие непомирливи спротивности беа карактеристични и на овие избори и во крајна линија тоа го произведе и резултатот од изборите каде што требаше многу пребројување за да на крајот се реши во неколку сојузни држави од 10.000-20 000 гласови што за американски прилики е помалку од 1%, изјави во Утрински брифинг, новинарот Сашо Орданоски, додавајќи дека овие на овие избори се забележани неколку инзвонредно важни резултати.

-Одзивот беше огромен. Не е спорна разликата на Бајден во полупарното гласање кое укажува дека има значајно пошиорока поддршка од самиот Трамп. Но американскиот систем не се темели на популарното туку на електорното гласање и можам да кажам дека Бајден ќе заврши со прилично убелива разлика во тие електорални гласови. Она што за прв пат се случува во американската гласачка историја е речиси 2/3 да гласаат предвреме. Американците имаат разни модалитети за тоа како се гласа предвреме. Не се гласа само по пошта туку има и начини да одите на гласачк места итн. Тоа значи дека заради пандемијата, да не заборавиме дека САД во последните 6-7 дена додека траеше гласањето има рекордни бројки на ново заразени и починати од ковид-19, а и заради тоа што демократите притиснаа на своето гласачко тело за максимална излезност, на што републиканците одговорија со правење на низа тешкоти за гласање на самите избирачки места во обид да ги демотивираат демократите, се создаде таа неизвесност на почетокот Трамп да води во повеќето држави за потоа да се стопи и да се претвори во победа на Бајден.

Целата анализа погледнете ја во видеото од разговорот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 3 =