🎥 📞 Ампева: Се штанцаат дозволи за движење во полициски час, се со цел прекувремена работа и оптоварување на работниците

You must need to login..!

Опис

Во цела оваа ситуација, морам да кажам дека воопшто не се консултирани синдикатите и невладините оргнаизации. Јас разбирам дека стопанството трпи од оваа криза, но мора да се стави акцент и на вработените. Веќе се случија откази во месец март, за кои што се уште се обидуваме да најдеме заедничко решение како да им се излезе во пресрет на овие луѓе, изјави за Утрински брифинг Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“, во врска со новите мерки од Владата.

-Мора да прекине Министерството за финансии да се консултира само со бизнисмените, работодавачите, Сојузот на стопански комери. Повторувам до сега воопшто не немаат консултирано. Со новава мерка не сфаќам која е поентата да носите одлуки кои што ќе паѓаат исклучиво и единствено на товар на работниците.

-Се штанцаат дозволи за движење надвор од работен час, се со цел прекувремена работа и оптоварување на работниците, додава Ампева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 4 =