Ампева: Работниците да си ги бараат правата, институциите да постапуваат – има и други фирми кои ја злоупотребуваат државната помош

You must need to login..!

Опис

Работничка ја доби првата кривична пресуда за кршење на работничките права за време на корона-кризата, изјави за Утрински брифинг Кристина Ампева од „Гласен текстилец“-Штип.

Станува збор за работничка од приватен сектор од Куманово, која останала без работа за време на корона-кризата бидејќи ја користела владината мерка за ослободување од работа на бремените жени.

„Гласен текстилец“ го следеше судскиот случај на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со кои бремените беа ослободени од работа. Работодавачот ѝ даде незаконски отказ поради кршење ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување како незаконито“, вели Ампева.

Ние имаме пуштено и други тужби, но Кумановскиот суд релативно брзо си ја заврши својата работа. Тужбата е поднесена во јуни, за еве веќе во декември да е завршена. Вакви случаи има многу и колективни на ниво на фирма. Големи се охрабрувањата од страна на работниците, иако ова е само индивидуален случај, изјави Ампева.

Јас располагам со информации од работниците и знам дека има еден куп фирми кои исплаќаа по 50% од плата, некои по 70%, што значи дека огромен е бројот на фирми кои ја злоупотребија државната помош, вели Ампева.

Целиот разговор со Ампева погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − five =