Ампева: Преку глава им е на работниците во приватниот сектор да бидат граѓани од трет ред

You must need to login..!

Опис

Здружението „Гласен Текстилец“-Штип најостро реагира на новиот предлог Закон за административни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација во кое се менува полното работно време на административните службеници за кое досегашните 40 часа неделно, се менуваат на 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок.

Предлог Законот е дискриминаторски. Не може да носите поволности само за јавната администрација. Посебно буни фактот дека ова се случува во предизборие, изјави за Утрински брифинг Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Јас разбирам дека е предизборие и дека треба да се добијат гласови на јавна администрација, но ова не е одржливо.

Ние зборуваме за македонска економија, не е германска или австриска. Цело време да нудите поволности за јавната администрација, па после се чудите зошто младите ја напуштаат земјата, или зошто на ладите им е најлесно да бидат дел од политичка партија за дојдат до вработување во администрацијата, додава Ампева.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 3 =