Ампева од „Гласен текстилец“: Задоволна сум од покачувањето на минималната плата, остануваат уште предизвици

You must need to login..!

Опис

Се уште ситуацијата не е најдобра. Но согласно нашите ингеренции имајќи предвид дека ова е ситуација која што се таложела 30 години, сметам дека имаме направено и доволно. Имаме ратификувано конвенции, потпишани документи, ставени се во закон и има поголем слух од страна на институциите. Но се уште не е доволно.

Морам да кажам дека сум супер задоволна од покачувањето на минималната плата. За овие три години неколкупати се покачи.

Претходно немаше ни минимална плата, туку само учинок. Значи уставно дискриминирани беа со години. Можам да кажам дека во тој дел се променети работите, но остануваат уште предизвици, изјави Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен текстилец“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =