Ампева: Одредени работодавачи пријавуваат загуби за да избегнат исплаќање на К-15

You must need to login..!

Опис

Иако обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2021 година требаше да биде исполнета заклучно со 31 декември, сепак дел од фирмите во земјава не им префрлиле пари по основ на К-15 на своите работници.

Ова се информациите на здружението „Гласен текстилец“ од каде информираат дека по овој основ до сега стигнале пријави за 46 македонски компании, а 16, како што велат, тоа го сториле делумно односно на сметките на своите вработени префрлиле од 100 до 500 денари.

Според претседателката на „Гласен текстилец“ Кристина Ампева недела неработен ден било очекувано да биде оспорен, а подобрување на работничките права очекува со новиот Закон за работни односи на кој се чека неколку години.

Во Утрински брифинг на оваа тема разговаравме токму со Ампева.

-Проблемот според нас како Здружение, но и она шшто ќе ви го кажат и некои други Синдикати кои што го немаат потпишано тој штетен колективен договор, ќе ви кажат дека тоа е манипулација и џаве ќе ги спомнуваме казните и глоби кои што се предвидени, бидејќи и таму каде што немаат исплатено регрес за годишен одмор инспекторите согласно Законот за инспекциски надзор треба да отидат, да дадат опомена, да констатираат дека не е исплатено, но на крајот од денот работодавачите лесно пријавуваат некакви потешкотии и економски загуби и со тоа повторно исплатата може да биде дури и еден денар.

-Кога вие немате најмал износ, кога фирмите наводно работат во загуба, ќе ни се случува ова што ни се случува.

-Се надевам дека новата министерка за труд и социјална политика ова ќе го сфати како долгогодишна манипулација и во новиот Закон за работни односи, кој што се надевам дека конечно ќе биде донесен оваа година, дека тука ќе биде ставен најнискиот износ – да не може работодавачот да исплати под шест, седум или осум илјади денари.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six + six =