Алушовски: РК Вардар е на вистинските патеки да игра една забележителна улога во Лигата на шшампионите

You must need to login..!

Опис

Мене ми е особена чест и задоволство што секој ден работам со играчи како што се во РК Вардар. Дојдов во клубот пред една година и еден месец, кога во клубот работите не беа онакви на какви што беа навикнати навивачите. Се трудев сето тоа да биде во втор план, а во прв план да биде работата и нашиот успех. Клубот го напуштија некои клучни играчи во одлучувачки моменти за клубот, секако заради финасиската криза, кога требаше да се играат елиминационите рунди од ЛШ. Следуваше ковид кризата и се одлучи кои тимови ќе одат на Фајнал фор според моменталниот распоред изјави во Утрински бирифнг Стевче Алушовски, тренер на РК Вардар.

Финансиски ситуацијата се поправи со доаѓањето на Михајло Михајловски, ноа е далеку од она што Вардар беше во минатите години. Во 5 до 12 се обидовме да направиме конкурентна екипа за ЛШ. Беше тешко бидејќи имаше мал број квалитетни играчи на пазарот. Но се состави еден респектабилен тим кој допрва не го покажал најквалитетното од себе, вели Алушовски и додава дека се гради еден тим кој наредната година ќе биде уште појак.

Вардар е на вистинските патеки да игра една забележителна улога во Лигата на шшампионите, смета Алушовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + six =