Алпинистката Дишовска: Одиме на Килиманџаро

You must need to login..!

Опис

Многу е тешко да се најде соодветен партнер за еден кампинг на -20 степени. Првичната идеја беше да се кампува некаде на зимската патека на Титов врв, но одлучивме да се стационираме нешто меѓу Церипашина и Антени. Очекувавме силни ветришта, но никој не може да го предвиди ветарот неколку дена претходно. Копавме дупка за да го поставивме шаторот, тој да биде заштитен и да спречиме голема катастрофа, изјави во Утрински брифинг Ирина Дишовска.

-Многумина ме имаат прашано дали се бавам професионално со овој спорт, но јас сметам дека планинарењето не може да биде професија. Тоа е пасија, која станува секојдневие, и го менува начинот на живот. Професија може да биде платен спорт, како што е фудбалот или ракометот на пример, вели Дишовска и додаде дека следниот предизвик е за 10 дена од сега.

Одиме за Килиманџаро, изјави Дишовска.

На вакви кампинзи се носат ранци потешки од 20 килограми. Со соодветна опрема не би имале проблеми за кампување. Ние имавме експедициска опрема и во тој поглед бевме апсолутно безбедни, но има луѓе кои без соодветна опрема одат и се враќаат премрзнати. Сакам да ги посоветувам сите оние кои сакаат да направат нешто слично дека сега барем е лесно да се прочита се и многу лесно да се остварат идеите, вели Дишовска.

Целиот разговор може да го погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − 4 =