Алексоска: Балканот е многу ранлив на дезинформациски влијанија од Русија и Кина

You must need to login..!

Опис

Постојано актуелна тема се дезинформациите што се шират во модерните општества. Неодамна излезе студијата „Дезинформациите и информациската дисторзија во Северна Македонија“ на Граѓанската асоцијација МОСТ, а раководител на проектот беше Росана Алексоска.

-Проектот функционира од 2018 година и покрај оваа анализа на наата веб страница имаме и други анализи. Во оваа студија се обидуваме да го презентираме опсегот на дезинформациите со кој се соочуваме, вели Алексоска за Утрински брифинг.

Истражувачите на МОСТ не гледаат на дезинформацијата како поединечна информација туку како наратив кој трае подолг период и служи за создавање на одреден контекст. За тоа време се злоупотребуваат неколку поттеми кои најчесто се емотивни – здравјето децата, мултиетничките односи и слично, а целта е да се привлече вниманието на социјалните мрежи.

-Истражувачите што се занимавале со оваа тема издвоиле пет основни техники. Првата е дискредитација или напаѓање, осносно кога се нема аргументи се напаѓа личноста. Втората техника е дисторзија или извртување во прилог на еден наратив. На пример, случајот кога на почеток од пандемијата пристигаше помош. русија и Кина беа претставени како некој кој го спасил регионот и бројот на интеракции на таквите статии беше многу висок и забележавме негова амплификација на социјалните мрежи, вели Алексоска.

Друга техника е дефокусирање, како случајот со влегувањето на 5Г технологијата во земјата што дури и предизвика протести во една општина.

-Од сето ова што го забележавме во студијата, во Македонија и во региот влијанието на Русија е т.н. „остра моќ“. Станува збор за авторитарен режим го крши правото на слобода на говор а во слободните општества го наметнува своето влијание. Во ранливите општества како нашето дејствува така што го разорува информацискиот простор за да влијае врз перцепциите на граѓаните, вели Алексоска.

Таа вели дека постои борба на два концепта на вредности – демократските општества и илибералните режими и додава дека кај нас постои таков простор, оти Балканот е ранлив на влијанијата од Русија и Кина.

-Причините за ранливоста на општествата е што постои фрагментираност и разлики по политичка и верска основа, а сето тоа на странските фактори им овозможува полесно да ги наметнат своите наративи, вели Алексоска.

Алексоска коментира дека ова трае и ќе трае, а она за што се залага МОСТ и науката е соработка меѓу различни чинители, домашни и странски, потребна е поголема јавна дебата и конечно да се признае дека во оваа држава постои проблем со Русија.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 4 =