Алексов: Само со транспарентност може да се бориме против повредите на Избирачкиот список – таа транспарентност од 2016 е присутна

You must need to login..!

Опис

Оливер Дерковски во гостување во Утрински брифинг рече дека „Никогаш нема да има идеален Избирачки список“. Гостин во УБ беше првиот човек на МОСТ, Дарко Алексов, кој токму околу изјавата на Дерковски и прашањето дали се манипулира со избирачкиот список изјави дека едноставен одговор на вакво прашање не може да се даде.

Прво, пристапот до Избирачкиот список на организации како МОСТ е лимитиран и оди до одредено ниво.

Можеме да разговараме за тоа што се случува со Избирачкиот список или што се случувало години нананзад.

Ако ја гледаме прогресијата и тргнеме од период 2009-2010 па се до 2016 ќе видиме дека просекот на зголемување на Избирачкиот список е 20.000 годишно – или од избори во избори.

Ако пак се вратиме од 2016 до 2020 година, значи последните податоци кои се комплетно достапи до веб страната на ДИК, ќе може да ги констатираме следниве работи:

Во 2016 година сме имле 1.812.000 гласачи регистрирани на Избирачкиот спиок. ВО 2019 сме имале 1.808.000 гласачи, што значи 4.000 помалку. Во 2020 1.816.000 што е само 4.000 повеќе од 2016 година.

Што значи тоа – Избирачкиот список е жива материја и во неа има луѓе кои што се бришат и запишуваат. Очигледно во тие години претходно, немајќи начин како да утврдиме дали има одредени злоупотреби, битно е да се напомене дека во оваа фаза имаме две работи кои што можеме да ги констатираме како факт

Прогресијата не е со 20.000 гласачи годишно и втората работа од 2016 после низа перипетии Избирачкиот список е целосно достапен, освен ЕМБГ, на граѓаните да го проверуваат. Значи граѓаните може да ги проверат податоци.

Само со транспарентност може да се бориме против повредите на Избирачкиот список – таа транспарентност од 2016 до денеска е присутна, изјави Алексов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + fifteen =