Александар Чомовски добитник на наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков

You must need to login..!

Опис

Јас сакам својата професија. Во неа се вложив целиот, понекогаш и на штета на моето семејство и мислам дека толку многу ме исполни што како што обипчно и велат, спокојно да си го напишам својот епитаф. Се разбира дека наградата „Крсте Петков Мисирков“ не ја сметам како збогум, туку како предизвик да се борам во слобден-грчки стил и паметот и искуството да ги искористам во престижниот ривалитет со генерацијата која доаѓа во македонското новинарство, изјави новинарот Александар Чомовски.

Мојата стартна кариера во новинарството – Радио Скопје кое беше столбот на кадрите кои тогаш ги формираше новинарството, започна со еден друг Утрински – Утринска програма. Секој медиум има свој предизвик, но секогаш се враќам во радиото, таму се моите централни столбови на професијата, на мојот карактер. Тоа беше неверојатна школа на узучување, вклучувајки култура на изглед, култура на говор, бон тон на однесување. Учев од врвни мајстори, во радиото, таа генерација околу Варошлија, Варналиев, Стоилковски, а потоа и вон радиото со еден од бардовите на македонското ноновинарство кој ме оформуваше и како карактер, а тоа е Никола Солдатов. Неговото мото беше – што и да правиш, каде и да одиш во професијата секогаш да се вратиш во новинарството. Јас тоа максимално го користам. Во овие 55 децении активно новинарство бев репортер, известувач, дури и во време кога бев главен уредник.

Ќе избегам од самобендисаноста дека јас ја знам рецептурата за новинарството. Она што сакам надвор од оваа награда да го кажам, која ми претставува задоволство не заради сатисфакцијата на тоа што сум го работел, туку и именувањето на наградата по Крсте Петков Мисирков, не знам како, но потсвесно ми се формира неговиот слоган – јазичен, политички, а тоа е За Македонцките работи. И морам да кажам дека јас како новинар ја имав среќата да доживеам три до четири клучни фази во развоојот на оваа современа, постсамостојна Македонија. Нејзиното формирање, со диссолуцијата, тоа е македонскиот внатрешен непокор околу обидите да се растури државата со внатрешниот воен конфликт и во овие услови на пост ковид пандемија кои се уште не знам каде ќе не одведат. Морам да ти кажам дека мое чувство е дека на на македонското новинарство му е потребно рестартирање, нова филозофија на професијата. Мислам дека мораме да сфатиме дека во светот, а и во новинарството во Македонија, се напуштаат сите стандардни изучени принципи. Според мене новинарството веќе не базира на објективност, напротив на субјективност.

Погледнете ги сите новини, имаат субјективна оценка. Но тоа е тренд, што зборува за индивидуални слободи и можноста, каптажата на индивидуалните сонзанија да бидат соопштени јавно. Се разбира стандардното новинарство и натаму ќе биде врзано за вести. Другата димензија на можната трансформација внатре во новинарството е ноивите облици на информации. Вие имате ФБ информации, коментари кои стануваат составен дел на вести шпекулации, истражувања. Според тоа ова се трендови кои мора да се следат. И трета димензија, која што јас мислам дека е нопходно е да престанеме да мислиме дека го имаме ексклузивното право на информацијата. Ние имаме една среќна околност во оваа мала средина, имаме конфронтирачки новинарски имиња, конфронтирачки емисии, имаме различни погледи што е доволен доказ за еден демократски капацитет. Се рабира главниот консумент- телевизиските клиенти, читателите треба да ја одгонетнат вистината и тоа е една нова вијуга која создава кај нашите консумнети способност да направат селекција. Јас мислам дека во македонското новинарство за секого има место, ќе бидам груб и вулгарен на одреден начин – има место и за еден Миленко Неделковски, има место и за еден Горан Момировски, не случајно ги зборувам затоа што тие се на одреден начин пикови кои на една или на друга страна се претвораат во антиподови на т.н конфронтирачки елемент. Не ме загрижува реториката на тие креатори на јавното мислење, вклучувајќи го и Ефтов, мене ме интригира перцепцијата на меѓусебна ликвидација. Тоа е нешто што во македонското новинарство мора да биде што поскоро елеиминирано, зпшто само на тој начин новинарството може да се спротивстави на новите предизвици од светот и внатре, смета Чомовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =