Александар Тодоров: Имам чувство дека короната е селектор, а јас сум само водач на пат

You must need to login..!

Опис

Не одигравме два меча во Талин (Естонија), но затоа пак ќе мора да одиграме дури четири во пет дена во рускиот Перм. ФИБА направи промени во календарот на натпреварите во „Б“ групата од квалификациите за Евробаскетот 2022.

Единствено што е сигурно во моментов е дека ништо не е сигурно. Но ФИБА настојува да ги затвори овие прозорци што е можно побрзо. Колку играчи ќе имаме ние, се зависи од ковид-19, изјави во Утрински брифинг селекторот на машката кошаркарска репрезентација Александар Тодоров.

Пронципот на ФИБА е дека треба да се определи една група која ќе паува на овие прозорци. И тие играчи што ќе отпатуваат се тие што може да играат. Не може да се уфрлат нови играчи. Така што ако се случат некои позитивни резултати на ковид-19, неозможно е да се донесат нови играчи, вели Тодоров.

Во Талин требаше да сме експедиција од 23 луѓе, но во последен момент се појавија и позитивни резултати. Тоа ја отежнува работата и имам некое чувство дека короната е селектор, а јас сум само водач на патот, рече Тодоров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × three =