Александар Маџаровски Читачот: Читањето не е губење време, треба да се навратиме кон македонските книжевни класици

You must need to login..!

Опис

По повеќе од една година од постоењето на блогот посветен на книгите, „Читачот“, неговиот творец Александар Маџаровски, кој препорачува книги за читање од автори преведни на македонски јазик, вели дека има значителен интерес од следбениците на социјалните мрежи.

„Фејсбук страницата и каналот на Јутјуб го започнав минатата година во март, кога препораките беа да останеме дома, иако оваа идеја ја имав неколку години претходно. Многу ме радува што има многу убав фидбек и луѓето што ме следат коментираа дека дотогаш гледале вакви видеа на српски или на англиски јазик и ги радува што сега можат ваква содржина да слушнат и на македонски јазик. Не е лесно да се зборува колку се чита кај нас бидејќи не постојат статистички податоци или некои поопширни анкети.

Она што сакав да го постигнам со овие видеа е да бидам популизатор, на некој начин да ги приближам добрите романи, белетристиката со непосреден јазик и оттаму најголемиот дел од мојата публика не се книжевници, луѓе што студирале книжевност, или литературни критичари, се разбира и тие, многу ми значат нивните коментари, но тоа се луѓе што читаат, сакам да ги инспирирам да читаат уште повеќе или да читаат добра литература затоа што не секој роман е добар, а кога би успеал да ги инспирирам да им дадат шанса на книгите и оние што воопшто не читаат или сметаат дека немаат време и дека книгите се губење време, тоа би било прекрасно. А за да се стигне до младите клучни се социјалните медиуми“, вели за Утрински брифинг, Александар Маџаровски, творец на каналот „Читачот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + twelve =