Алаѓозовски: Соработката со Груби ни е добра – Рамковниот остави трајни позитивни последици за иднината на државата и треба да го прославиме – не е битно која политичка партија ќе ги „земе“ поените

You must need to login..!

Опис

Темата за едно општество, за интеркултурализмот, еднаквоста, недискриминацијата и надминувањ ена поделенсота е круцијална и се генеричките поими кои што се кријат зад брендот и концепцијата на „едно општество“ и се согласувам дека државите се распаѓаат доколку немаат кохезивни елчементи во оптеството. Државите низ светот, особено во Европа се бројат на држави кои што имаат интеркултурни политики, политики за социјална, интеретничка и секаква друга интеграција и оние кои што имаат сепарастички движења. За среќа јас имав дебата со студентите од Американ Колеџ, направија еден преглден на десетина – дванаесет сепарастички движења низ Европа, македонија не беше дел од нив. Јас сум директно одговорен и ја координирам имплементацијата на стратегијата за „едно општество и интрекултурализам“ која што треба да освен што ќе ја обезбеди мултикултурноста и почитувањето на сите разлики, ќе ги стави на еднакво рамниште сите култури и заедници, без разлика на борјот и големината, а и ќе спроведува мерки за зголемување на она што го викаме општествена кохезија, сплотеност и заедништво. Ова е меѓуресорска позиција и многу од работата подразбира да ги „туркате“ различните клучни министерства, институции, да испорачуваатизјави во Утрински брифинг Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

-Работиме секојдневно со многу нерви и трпение. Генерално проблемот е што одделните институции, освен оние што си ја вршат својата тесна надлежност и таа целосно потпаѓа под „приказната“ за едно општество, да речеме има министерства и инстутуции кде што интеркултурализмот не им е приоритет и сега вие треба да инсистирате, тоа што кај нив е трета, четврта категорија, да се „поттурне“, да се заврши работата. Главно, ми се чини дека овие две години, особено последната, иако беше кризна, многу работевме на тоа внатрешно сензибилизирање на ионституциите. Можеби не нема многу во јавноста, но придобивка е тоа што навистина институциите на системот се сензибилизираа од околу потребата од интеркултурализам и во таа смисла оваа категорија на „едно општество“ тера независно во институциите, вели Алаѓозовски.

-Битна е поддршката на највисоко ниво. Во таа смисла институционалната вклученост, освен персоналната на двајцата први луѓе во Владата, премиерот Заев и првиот заменик Груби, е на високо ниво. Имплементацијата ја мониторира и спроведува координативно тело кое што е под директна капа на кабинетот на претседателот на Владата и таа поставеност не е само симболична, туку е функционална и е огромен ветер во грбот. Од друга страна постои и едно подтело кое што е политичко тело, каде што има 12 министри и вицепремиери и тоа треба да ги даде политичките смерници. Телото сега треба да го оддржи првиот сотанок и е предвидено да се состанува квартално, на три месеци. Тоа тело треба да види до каде е имплементацијата, но и да разговара за клучнит еконцепциски и идеолошки премиси, да ги види меѓународните договори, да види како се имплементираат во државата, стандардите и да ги поттикне насекаде, вели Алаѓозовски и додава генерално позицијата и на првиот заменик, но особено на Груби како министер за политички систем ја освежи институцијата и во оваа смисла тие даваат активен придонес со учество на состаноците и на координативното тело.

-И клучните институции кои што двете Управи за културата и јазиците на помалите заедници, но и физички дел од Агенциите – Агенцијата за остварување на правата на помалите заедници и Агенцијата за јазици се во едно Министерство, со тоа се решија просторните услови и во таа смисла ветен е и буџет за тие институции ќе можат д аси ја работат надлежноста, со надеж дека кога ќе се вработат уште неколку кадри ќе можат и помалите заедници да влезат, вели Алаѓозовски.

-Со концептот и старегијата за „едно општество“ добро фигурираме и на меѓународно ниво, пред се европско, пред се при Совет на Европа, каде што има и големи земји како Канада која што е лидер во таа област. Така што ние со оваа стратегија сме добар пример и сме често поканети на дебати. Пред два дена разговаравме со колегите од Молдавија кои што во вој момент ја изработуваат нивната интеркултуран стратегија. При Совет на Европа сум член на лабораторија за изговтвување политики и веќе се прават тие идни модели на интеграција. И главно, она што во јавноста е табу тема, дали во приватниот бизнис да има правична застапеност, оваа модел политика што се заговара во Лабораторијата при Советот на Европа – вели Да, треба да има, тоа е мерка за поттикнување на различноста. Значи ние треба да внимаваме дури и различноста во приватниот сектор да ја именуваме. Сакам да кажам дека следиме, добро стоиме, и некои работи кои за нас се неприфатливи од некои либерални аспекти, сепак во категориитена на различноста и почитување на различноста се битни, потенцира Алаѓозовски.

И во меѓународните дебати ја сфаќаат опасноста од говорот на омраза, ксенофобијата, етнонационализмот, шовинизмот и препораката е – борбата мора да биде перманента и простор не може да им се препушти небранет на другите, така што имаме задача цело време да кажуваме колку се битни овие работи. Во таа смисла Охридскиот рамковен договор е битен затоа што тој предвиде низа институции и принципи кои што беа поттикнати и основани во перидоот 2002 и 2006, етнонационалистичката власт на Груевски ги остави тие институции во негрижа, но тие имаат важна улога и беа замислени да го поттикнуваат и градат мултикултурното општество, вели Алаѓозовски и додава дека ревизијата на Рамковиот договор која што беше направена во 2015 година и сите извештаи кои се база на нашите стратегии, не критикува за тоа што сме ги запоставиле тие институции, наместо да ги направиме функционални. Една од нашите задачи е да станат функционални, да си ја работат работата. Охридскиот рамковен договор остави трајни последици во позитивна смисла врз иднината на државата и оптеството и треба да го прославиме и не е битно која политчка партија ќе ги „земе“ поените.

Целиот разговор со Роберт Алаѓозовски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × five =