Алаѓозовски: Овој филм и филмска екипа е лансиран во првата светска лига

You must need to login..!

Опис

Честитки за историскиот успех на „Медена земја“. Нема потреба од рационализација на ова што се случи или не се случи, сите опции беа на маса. Се разбира Академијата гласаше така како што гласаше, но за нас е голем успех што македонски филм се најде номиниран во две категории. Беа таму и одлично тоа го направија.

Впрочем и самиот добитник на наградата документарен филм ги спомена „Медена земја“ и вели дека инспирацијата за нив како документарни автори дошла и од делото на нивните колеги. Така што овие актери, оваа филмска екипа, овој филм е лансиран во првата лига на светската документаристика. Ова за Утрински брифинг го изјави, Роберт Алаѓозовски, поранешен министер за култура.

Се е исто само што имаме подобро менаџирање во Агенцијата за филм. Секако, заробената држава и другите интереси не се веќе таму.

Горјан Тозија е човекот кој и ’95 со Милчо Манчевски влезе во трката за Оскар. Еве пред неговото пензионирање, одработи и се уште одработува неколку добри сезони во Агенцијата за филм. Значи начинот на кој што функционира оваа Агенција, критериумите, правилникот и начинот на работа, заедно со успешно менаџирање ги даде овие резултати.

Значи во континуитет имаме неколку успешни филмски сезони, рече Алаѓозовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 4 =