Алаѓозовски: Новите решенија не оставаат простор за манипулација со бројките на пописот

You must need to login..!

Опис

Бројката од синоќа е дека се попишани околу 77.000 наши граѓани кои живеат надвор од државата. Законот е јасен се попишуваат луѓе кои до една година не се во земјава и тоа е таа катеегорија на наши граѓани кои живеат во странство. Пописот добро оди во европските земји, одзивот е помал во прекуокенаските земји. Ние на нашите заеднички состаноци со помалите заедници главно разговараме дека пописот е една сигурна, безбедна и пред е една многу потребна статистичка операција и дека е во интрес на сите граѓани да се попишат за да можеме ние нашите политики зацртани во стратегијата едно општество уште подобро да се насочат, изјави во Утрински брифинг Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Се сретнавме со претставници на сите заедници споменати на Уставот, па и со оние кои Уставот ги дефинира како други, односно најмалите. Ни беше битно од нивните претставници да добуиме поддршка. ВО таа смисла поддршката беше недвосмислена, но главно бараа објаснувања дали пописот ќе ги даде вистинските бројки. Етнокултурната припадност е битна, но немора да биде пресудна. Она што нив ги загрижува најчесто се однесува на искуствата од претходните пописи, кога методологијата била друго и изразија загриженост дали некој ќе може да манипуилира со бројките. Во таа смисла ние укажавме дека овој пат заради развојот на дигиталната технологија и по искуствата од претходните пописи се отстранети сите можни сомневања и со т.н лизгачко мени, со шифрирањето на припадноста и поврзувањето на категориите во апликацијата по неколку основи, просто нема место за никаква манпулација, вели Алаѓозовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =