Акцелераторот УКИМ нуди 30.000 евра за старт ап компании за учество на предизвикот на Светската Автомобилистичка федерација

You must need to login..!

Опис

АМСМ како единствена членка на Светската автомобилистичка федерација во Македонија оваа година за прв пат е организатор за повикот за старт ап компании. Ние како акцелератор УКИМ влезе во соработка со цел да ги идентификуваме иновативните стартапи и да им ја дадеме целокупната поддршка во текот на месец февруари и да ги охрабриме да аплицираат, рече денеска во Утрински брифинг Александар Стамболиев од Бизнис Акцелераторот УКИМ.

-Овој повик е отворен за регијата 1 која ги вклучува Европа,, Африка и Блискиот Исток. Повикот е отворен на три теми, возила, мобилност и услуги. Ќе се примаат идеи како да се понудат нови решенија за корисниците на возилата, кои ќе го намалат метежот, цената за регистрација, паркирање…Во однос на мобилноста, ќе се отворат прашања дали само возилата можат да бидат средства за мобилност, дали можеби треба да се бара спас од метежот на улиците во летечки автомобили. Третата област е услугите кои ги нудат клубовите за мобилност. Ги охрабрувам стартапите да ги истражат услугите на мото клубовите и да се сетат на некој услуга што ја нема, а би требало да ја има.

Ние сме тука да има помогнеме на компаниите во процесот на аплицирање. Тие треба да понудат прототип, а за дополнителните прашања како истражување на пазарот, креирање на бизнис стратегија и подобрување на бизнис моделот ќе им помогне Бизнис Акцелераторот со своите 3.000 професори од Универзитетот, околу 30 ментори од Обидинетата македонска дијаспора и целокупните ресурси на основачите, рече Стамболиев. Бизнис Акцелераторот на УКИМ ќе инвестира до 30.000 евра на компанијата кај која ќе препознае најголем потенцијал.

-Ние сме основани со цел да препознаваме и поддржуваме технолошки засновани старт ап компании. Нашиот фонд изнесува половина милион евра и нашата цел е да инвестираме во македонските компании, нагласи Стамболиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − twelve =