🎥 📞 Актерката Спировска за УБ: Македонија има огромен актерски капацитет – кризата остава време да поработиме на нишките кои ни недостасуваат

You must need to login..!

Опис

И покрај тоа што сме свесни дека треба да останеме дома, и затворени сме за општо добро, има мали негодувања, но ете времето отвори поголем простор за тоа да се преиспитуваме до каде сме ние културните работници изјави за Утрински брифинг актерката Симона Спировска.

Имаме ние голем актерски капацитет во театарот. Запоставуваме други нишки на театарот, онаа општествена нишка и верувам дека ова се денови кога треба да го преиспитаме тоа, вели Спировска и додава дека актерите го имаат кренато својот глас, но надвор од театрите се погласни од своите претстави и смета дека тука е проблемот.

Никогаш не сум помислила дека сме на некое пониско скалило од колегите во светот. Можеби недостасува посветеноста и веројатно тоа не спречува да имаме развој како нив, но талентот никогаш не е доведен во прашање, вели Спировска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =