Актерката Наталија Теодосиева: Не чекаме вработување, се прават многу добри независни проекти

You must need to login..!

Опис

Актерката Наталија Теодосиева е годинешна добитничка на наградата за најдобра женска улога за неколку ликови во претставата „Мојот маж“ во продукција на Драмски театар. на 55-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

„Оваа награда е многу важна за мене, особено заради тоа што е добиена во Македонија, а на моја среќа, во жири комисијата беа мои колеги кои многу ги почитувам и затоа радоста е уште поголема што баш тие колеги, на кои се угледувам, одлучија да ми доделат наградата. Работата во претставата „Мојот маж“ беше процес и носеше една посебна одговорност. Расказите на Румена Бужаровска се толку добро напишани и тоа во расказна форма, а не како драматизација, па заедно со драмтургот Вики Рангелова ние ги драматизиравме. Тоа беше посебен предизвик бидејќи расказите на Румена се многу читани и се популарни не само кај нас и чувствувате одговорност затоа што и на самата претстава доаѓаат нејзини читатели, обожаватели на нејзините раскази и ние не смееме да ги разочараме или да им дадеме едно ниво повеќе од тоа што го доживеале додека ја читале книгата. Од друга страна, монолозите или документаристичкиот дел беше едно големо отворање за сите нас и да, постоеше страв и некое колебање дали е во ред ова што го правиме, дали треба да бидеме толку интимни со публиката, како таа ќе реагира, но на крајот, кога чувствуваш дека имаш добра претстава и уникатен производ, тогаш веруваш во тоа, се отвораш и публиката го препознава тоа и реагира позитивно“, вели за Утрински брифинг актерката Наталија Теодосиева.


Како што рече, за неа успех ќе биде кога ќе има доволно проекти за да го има луксузот да избира која улога ќе ја прифати, во кои филмови би сакала да настапи, во какви театри би сакала да игра.

„Како фриленс актерка која не припаѓа на некоја театарска куќа и можеби токму тоа ми ја овозможува слободата да бидам во различни проекти и да се дадам комплетно на секој кастинг, потоа имам време да работам на себе, да истражувам и токму тие различни видови глума, во театар, во филм ми дозволува да бидам пофлексибилна и полесно да се снаоѓам во различни сфери“, додава Теодосиевска.

Таа вели дека денес има многу повеќе актери, бидејќи има и повеќе академии и наместо да се чека вработување во некој театар, младите актери работат самостојно, во независни проекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 20 =