Азири: Ги разбираме нашите сограѓани и ние се бориме за местото на албанскиот јазик во Уставот

You must need to login..!

Опис

Ние се уште немаме одлука бидејќи се работи за исклучително важен документ кој се однесува на иднината на државата.

Се надевам дека до крајот на неделата ќе донесеме одлука бидејќи и ние имаме политичка академија имаме и научницишто ќе работат на резолуцијата, и ќе видиме каков ќе биде нашиот придонес за да го надополниме овој документ за да биде посеопфатен.

Ние како Албанци потполно ги разбираме нашите сограѓани македонци дека сакаат да се стават во одбрана на својот јазик во својот етнички идентитет, истото што ние го правиме со години наназад, и ден денеска ние се бориме за местото на албанскиот јазик во државата, во Уставот, загарантираноста во употребата на албанскиот јазик… Наша грижа е дека приоритетите на албанскиот народ во Македонија, претпоставувам и на сите граѓани во оваа држава е евроинтеграцискиот процес особено затоа што ние сме зависни од ЕУ, зависни од Западот и нашата иднина ќе зависи од Европа од НАТО од САД. Она со што никако не би се сложиле е да се пролонгира и да се загрозува евроинтеграцискиот процес, изјави за УБ пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири.

Интегралниот разговор со Азири погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × five =