Адријан Муча во „Скопски агол“: На местото на депонијата во Карпош 4 ќе се гради трет дел на Градски парк

You must need to login..!

Опис

Во линковско јавување на „Утрински брифиниг“ во „Скопски агол“ новинарката Елизабета Д. Спасеновска разговараше со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча. Tема на разговор беше изградба на трет дел од Градски парк на местото на сегашната депонија во Карпош 4.

– На површина од 60 илјади квадратни метри ќе се гради парк, кој е всушност продолжение од Градскиот парк. Изградбата е влезена во програмата на претпријатието. Чекаме Општина Карпош да ја расчисти депонијата. Градот Скопје е во финална фаза на отворање јавен повик, за доставување на проекти.

Изградбата на паркот, вели Муча, е планирана да отпочне во месец април.

Муча во „Скопски агол“
Адријан Муча во „Скопски агол“ на утрински брифинг

Екипите на претпријатието синоќа по вчерашното невреме интервенирале на повеќе локации.

-Кризниот штаб на Град Скопје беше веднаш свикан, интервениравме на седум локации, каде што имаше паднато дрвја, изјави Муча.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × four =