Адеми: Човечкиот капитал е столб на нашето работење во секојдневните процеси

You must need to login..!

Опис

-Претходната година разговаравме за човечкиот капитал кој е главниот столб во нашето движење. Во ИТ секторот особено по пандемијата, наиде на нелојална конкуренција во насока на пријавување или најавување на фиктивни компании кои не оперираат легално во нашата држава и немаат трошоци на даноците Тоа директно влијаеше на домашните компании и во таа насокла дојде до несакана конкуренција на создавање на кадри.

Странците нудат високи плати без пријавување во државата. За младиот кадар финансиската конструкција е најважна, а во овој случај домашните компании не можат да се сносат со платите кои ги нудат овие компании од странство.

-Тие компании имаат краткорочни цели, доаѓаат, дури не се ни лоцираат, завршуваат работа и си одат и тие не креираат стратегија од која бенефит би имала државата.

-Бројот на ИТ компаниите не е толку голем за да има глас, од друга страна се обидуваме да го поттикнеме нашиот глас знаејќи дека ИТ секторот е носечката гранка на нашата економија. Платите во ИТ секторот влијаеа и врз покачувањето на платите во другите сектори.

-Политичарите се ите како виновни за вака настанатата состојба што не креираат политики да се спречи сивата економија.

-За разлика од странските компании ние се залагаме за создавање на капацитети во државата.. ИТ секторот е многу динамичен и затоа во образованието е секогаш тешко да се следат тие промени. Таа инвестиција која ние ја правиме внатрешно и која нема поддршка нема ефект.

-Ако државата или луѓето што ги градат политиките ако реално не видат каква е моменталната состојба, секогаш ќе се соочат со недостаток на човечки капацитети.

-Истражувањето на МАСИВ покажува дека ќе има огромна потреба од нови вработувања во овој сектор, вели за Утрински брифинг, ИТ менаџер и потпретседател на комората на Северно Западна Македонија, Влора Адеми

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × one =