Адеми за УБ: Верувам дека со силен, максимален и креативен ангажман на наставниците ќе ги постигнеме очекуваните резултати

You must need to login..!

Опис

Откако се донесоа уредби на Владата за начинот како ќе се обезбеди таа двонасочна комуникација и размена на податоците помеѓу наставникот и ученикот, досега информациите се доста охрабрувачки. Дали има предизвици и проблеми. Да, нив секогаш ги има, дури и кога наставата се одржува и во нормални околности, изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, околу прашањето што значи он-лајн наставата и како и пишувањата на одредени професори дека се соочуваат со недоследности и проблеми.

Ние откако одлучивме дека ќе се прекине наставата во училиштата, ние веднаш донесовме одлука за почнување на интервентна образовна програма на МРТВ, подготвена од Бирото за развој на образованието како надлежен орган.

Сега што нудиме ние – Воспитно образовна програма, уште од самиот почеток на МРТВ; Нудиме учење од дома, каде што секој наставник е должен да ја држи таа двонасочна комуникација со ученикот, па на крај може и да го оценува: Нудиме и национална платформа за далечинско учење- снимени се видео лекции од нашите активни наставници, каде што секој ученик може секоја лекција да ја следи, вели Адеми и додава дека еден од предизвиците бил интернет пристапот до одредени домови.

-Тука не станува збор дали целата територија на Северна Македонија е покриена со интернет, туку дали секој има можност за пристап до интернет, односно материјалниот аспект.

-Затоа се одлучивме со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на сите деца, на 33.000 деца кои имаат статус на ученик, но кои потекнуваат од социјално загрозени семејства да им доделиме картички со 10ГБ интернет секој месец, бесплатно.

Околу техничката опременост на дел од наставниците за одржување на овој вид на настава, кој се појавува како сериозен проблем, а притоа се вели дека оваа мерка е направена многу брзо без да биде доволно промислена, Адеми вели веднаш откако се прекина наставата, се соочиле со огромен број на апели да се организира он-лајн наставата.

-Откако се бараше од нас да се организира т.н он-лајн настава, се соочивме со критики дека за тоа нема законски основи. Ние го обезбедивме законскиот основ со донесување на уредби. Потоа бевме критикувани дека нема интернет. И тоа го обезбедивме. Потполно сме свесни дека има предизвици, но кога се сака, се може.

-Верувам дека ќе се пронајде начин, бидејќи не се работи за софгистицирано организирање на наставата. Има еден куп на платформи кои ние ги посочивме со допис до наставниците за на едноставен начин да се организира наставата. Далечинското учење не значи специјални камери, микрофони …. и не е само споделување на видео лекции, туку и споделување на материјали со кои ќе се обработи темата. Најбитно е да се одржи таа двонасочна комуникација, бидејќи само наставникот знае до кое ниво е ученикот, вели Адеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 1 =