Адамчевски: Украина е длабоко поделена и ситуацијата е сложена

You must need to login..!

Опис

-Почната е истрага околу наводниот обид за државниот удар во Украина. Вчера еден од украинските политичари кажа во Брисел дека зад тоа стои Русија, изјави за Утрински брифинг, аналитичарот и новинар, Мирче Адамчевски.

-Мене ми е смешно тоа бидејќи очигледно станува за еден судир внатре во Украина, затоа што не смееме да заборавиме дека претседателот Зеленски е комедијант и тој се наоѓа на половина од својот мандат, неговиот рејтинг опаѓа.

-Во меѓувреме донесе еден Закон за борба со олигарсите, со кој што сака да ги контролира олигарсите, за да немаат решение, да не влијаат на културата итн…

-Човекот кој што е спомнат индиректно е Ахметов, најбогатиот укрански државјанин. На него му пречеше овој закон, изјави дека не е олигарх, туку инвеститор, бидејќи плаќа даноци над милијарда долари, вели Адамчевски.

-Претпоставувам дека Бајден има повеќе сознанија и не сака да се истрчува и да вели – еве сега Русите подготвуваат пуч. Затоа тој рече дека ќе разговара со двајцата претседатели, додаде Адамчевски.

Во разговорот се вклучи и новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ според кого големи тензии се случуваат подолго време.

-120.000 војници има од страна на Русија. Од друга страна Украина колку и да сака да прикаже дека е жртва на агресија, практично летоска таа прва започна упати свои борбени трупи на границата со Луганск и Доњецк, каде што на некој начин сдака да го врати украинскиот суверенитет врз проруските области, вели Андоновиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 + sixteen =