Адамчевски: Словените имаат таква карма, да не се признаваат меѓу себе

You must need to login..!

Опис

Ситуацијата со Украина е јасна иако не е јасно што точно се случува на терен. За она што се знае и што може да се претпостави во денешен Утрински брифинг разговаравме со аналитичарот и добар познавач на руските прилики Мирче Адамчевски.

-Потегот на Путин за мене беше неочекуван. Она што Думата го бараше од него да ги признае Доњецк и Луганск очекував дека ќе му биде адут за преговори. Сега повеќе Минскиот договор не постои, но очекувам дека ќе мора да дојде до некој друг договор, вели Мирче Адамчевски за Утрински брифинг.

Станува збор за една третина од територијата што практично е одземена од Украина со признавањето на овие самопрогласени области.

-Според официјалните изјави од Украина, Украина останува на дипломатијата. Ако дипломатијата не донесе резултати, Украинците се подготвени да се бранат до последен човек, вели Адамчевски.

Ова е еден од замрзнатите конфликти во Европа, оти е очигледно дека нема да се реши дипломатски.

-Русија останува на она што го испорача до НАТО и сега го чека одговорот од Америка. Засега, Блинкен ја откажа средбата со Лавров. Путин пред да ја донесе одлуката за признавање на Доњецк и Луганск за тоа ги запозна и Макрон и Шолц. Ситуацијата во секој случај е многу сериозна, вели Адамчевски.

Тој вели дека ова што сега Путин го прави не можел да го направи во деведесттите години. Осовременувањето на руската армија му дава ветер во грб на Путин, но тоа е меч со две острици кој може лошо да се врати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 − 13 =