Адамчевски: Односите САД-Русија ескалираат – многу е важно на Самитот во Љубљана и Американците и Русите да излезат со отворени карти

You must need to login..!

Опис

Од 2014 година навака после операцијата на Русија во Укрина односите Москва – Вашингтон се заладуваат. До кде ќе одат јас не моам да претпоставам, но има изблици од двете страни кои не навестуваат нешто добро. Последниот случај со „киднапирањето“ на авионот на „Рајан ЕР“ во Минск, зборува за уште еден вид на ескалација на односите. Видовме каква беше ракцијата и на западот и на официјална Москва, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Мирче Адамчевски.

Работите не одат во добра насока, особено што и од ЕУ има знаци дека сакаат некава заедничка изјава со САД да дадат. Како да се наметнува на послужавникот на двајцата лидери Бајден и Путин, пред нивниот самит, она што тие сакаат да биде на дневен ред. А јас мислам дека најважно во моментов е што ќе има средба Бајден – Путин, вели Адамчевски.

Русија не е регионална сила, туку втора виолина во ситуацијата САД – Кина. Но Путин нема и друг избор, односот мора му биде таков, Кина станува голема сила, може да стане еден голем хегемон во тој дел од Азија и може за десетина – дваесет години да стане лидер. Сметам дека во сето ова што сега се случува многу битно е да излезат со отворени карти и Американците и Русите на Самитот во Љубљана, за да се види до каде се работите. Дали ќе може да се работи или не. Ќе се има доверба или не. Јас лично не очекувам многу од тој Самит, но барем ќе се види до каде може да се подадат рацете и да се види како ќе се градат натамошните односи, вели Адамчевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 1 =